Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Сакаме секој град во земјава да биде убав, а не само два

0
By Нова ТВ on June 8, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: ipardpa.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 8, 2019 13:15

Владата денеска додели 17 решенија за поддршка на руралниот развој во општините. Со ова, како што истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, почнува реализирањето на планираните проекти за поквалитетен живот преку обнова и развој на селата, осовременување на инфраструктурата, изградба на патишта до земјоделските површини, зачувување и унапредување на традиционалните вредности, итн.

До Владата за поддршка на руралниот развој се пристигнати 202 барања за вкупно 2.407.773.354 денари од 80 општини и осум плански региони.

„За подобрување на квалитетот на живот во руралните средини се пристигнати 76 барања за 1.120.188.483 денари, за обнова и развој на селата имаме 64 барања за 624.077.365 денари, за зачувување и унапредување на традиционалните вредности се поднесени 62 барања за 663.507.505 денари, за инвестиции во пазарна инфраструктура шест барања за 41.269.924 денари, а за патишта до земјоделско земјиште 27 барања за 25.338.173 денари“, информира Анѓушев на прес-конференција во Владата.

Во тек е, рече, административна обработка на барањата иако дел од сумите се веќе одобрени. Ова, додаде вицепремиерот, е прва масовна акција за правање на руралните средини респектабилни места за живеење. Сакаме, рече тој, да ја видиме земјава без кал, секој град да биде убав, а не само два.

„Во изминатиот период имавме континуирани состаноци со градоначалниците, за проектите што ги доставуваат да бидат квалитетни и соодветни на Програмата за рурален развој. Општините сега, согласно инвестицијата, треба да предвидат јавна набавка, да предвидат колкав ќе биде трошокот во нивните буџети, по што ќе се распишат тендерите за потребните материјали за инвестициите“, соопшти директорот Бабовски, дополнувајќи дека општините имаат можност да користат 20 отсто аванс откако ќе потпишат договор со Платежната агенција. Вкупната сума ќе им биде исплатена откако ќе го платат данокот на додадена вредност.

Според него, радува фактот што и помалите општини веќе се активираат за искористување средства и реализирање проекти за рурален развој.

„Во дел од општините ќе се реконструираат патишта, ќе се градат канализациски мрежи, велосипедски и пешачки патеки, ќе се уредуваат пазари. Дел од средствата ќе се инвестираат и во планските региони. Владата доделува 38 милиони евра за три мерки за кои општините имаат подготвено проекти“, нагласи министерот Николовски.

На доделувањето на решенијата присуствуваа градоначалници од повеќе општини. Оваа програма ќе се спроведува три години. 

Коќо Анѓушев Љупчо Николовски Николче Бабовски општини проекти Рурален развој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.