НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Газдата на „Ла страда“ повикан во полиција по скандалот со фудбалерот Алиоски

0
By Нова ТВ on June 14, 2019 ПОЛИТИКА, СПОРТ
Фото: МЕxpress
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственикот на ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп синоќа бил повикан во полиција да даде исказ по пријавата поднесена од фудбалерот Езџан Алиоски и неговите роднини дека биле избркани од кафулето само затоа што говореле албански.

„Со Алиоски и еден наш другар седнавме во кафе-барот „Ла Страда“ во Прилеп. Меѓу нас почнавме да зборуваме на германски. Порачавме минерална вода и се беше во ред. Можеби помислија дека сме туристи. Пет минути подоцна се јави таткото на Алиоски да праша каде сме за да ни се придружат. Со него зборувавме на албански и во еден момент дојде келнерот и ни рече дека треба да станеме. Наводно се било резервирано, а терасата надвор беше празна. Вакво нешто досега ми се нема случено никаде. Нè фати нервоза и станавме. Дојде газдата, прашуваше што се случи и кога дозна дека гостин е фудбалерот Алиоски се извини и ни рече можете да останете на што му возвративме дека е доцна. Не може така“, изјави за Нова ТВ, Фикрет Алиоски, братучед на фудбалскиот репрезентативец на Македонија.

Тој додаде дека со целото друштво, по непријатната сцена, го напуштиле локалот, како што вели засрамени од погледите на останатите гости на расправијата.

Оливер Николоски, еден од сопствениците на ресторанот „Ла Страда“ во полиција изјавил дека се работело за недоразбирање.

„Претходно во тек на денот направивме резервација на неколку маси за група моторџии од Кавадарци кои наминуваат во нашиот објект штом ги носи патот во Прилеп. На една од нив беше седнат и фудбалерот Алиоски со свои луѓе. Им беше речено дека ќе треба да сменат маса, бидејќи на таа што седеа и уште неколку за пола час ќе дојдат најавени гости. Ниту им беше речено да станат веднаш, ниту беа навредени, ниту беа избркани. Но, веројатно поради тешкиот говор и зборување на македонски, дојде до недоразбирање, па укажувањето дека треба да се преместат го сфатија дека треба да заминат. Трипати се извинив, но беше залудно.

Ниту како човек ниту како сопственик на објектот не сум имал проблем со националност на гостите“, рече Николоски за Нова ТВ.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)  „го осуди говорот на омраза кон Алиоски“.

„Ние како Федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата! Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит! Уште еднаш сакаме да порачаме – Омразата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување“, велат од ФФМ.

Федерацијата ги повикува институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, за тие  никогаш да не се повторат.

 

Езџан Алиоски Прилеп фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.