НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска лига во ватерполо: Нова пресметка Србија – Хрватска е можна само во финале

0
By Нова ТВ on June 20, 2019 СПОРТ
Фото: fina.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија е единствената репрезентација со максимален ефект по групната фаза на финалниот турнир во Светската ватерполо лига што овие денови се одржува во спортскиот центар „Ташмајдан“ во Белград. Мечот од последното трето коло во Б конкуренцијата, како што се очекуваше, беше само полесен тренинг за момците на Дејан Савиќ кои го декласираа Казахстан со 20:6 (по четвртини: 4:0, 6:3, 6:1, 4:2).

Српските ватерполисти во второто коло славеа над Хрватска со 11:10, а на стартот и над Австралија со 12:8. Нивни противник утревечер во четврт-финалето ќе биде селекцијата на Канада.

Хрватска, пак, групната фаза, покрај поразот од Србија, забележа и две победи – против Казахстан со 20:4 и против Австралија со 11:9. Популарните „баракуди“ во четврт-финалето ќе играат со Јапонија. Нов дуел меѓу двете репрезентации од поранешна Југославија е можен во финалето.

Шпанија заврши како првопласирана во групата А со две победи и пораз. „Фуријата“ во последното коло ја оправда фаворитската улога против Канада и триумфира со 12:5. Унгарија дури во четвртата четвртина го скрши отпорот на незгодните Јапонци кои ги совлада со 13:9.

Светска лига во ватерполо – Белград 2019

Група А, 3 коло

Канада – Шпанија 5:12

Унгарија – Јапонија 13:9

Табела: Шпанија 7, Унгарија 5, Јапонија 3, Канада 3.

Група Б, 3 коло

Казахстан – Србија 6:20

Хрватска – Австралија 11:9

Табела: Србија 9, Хрватска 6, Австралија, Казахстан 0.

Двојки за четврт-финале

Унгарија – Австралија (петок, 15 ч.)

Јапонија – Хрватска (петок, 16.45 ч.)

Шпанија – Казахстан (петок, 19.15 ч.)

Канада – Србија (петок, 21 ч.)

Полуфинале 1 (сабота, 15 ч.)

Полуфинале 2 (сабота, 16.45 ч.)

За трето место (недела, 15 ч.)

Финале (недела, 16.45 ч.)

Белград Ватерполо Светска лига Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.