Роџер Федерер по десетти пат го напушти Хале како победник на АТП тенискиот турнир. До рекордната титула во германскиот град стигна за час и 25 минути колку што му беа потребни за конечен триумф над Давид Гофан од Белгија (7:6 6:1).
За швајцарскиот ветеран ова е трета турнирска победа во 2019 година по Дубаи и Мајами, вкупно 102 во кариерата. И она што е најважно за него е потврдената добра форма на трева пред стартот на Вимблдон на 1 јули.
Федерер во Хале стана само втор тенисер во историја со двоцифрен број на освоени трофеи на еден турнир по Рафаел Надал кој има 12 на Ролан Гарос и по 11 во Барселона и во Монте Карло.