НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за “Шпигел”:Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината

0
By Нова ТВ on June 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интернет изданието на „Шпигел“ донесува интервју со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски непосредно пред неговата посета на Германија, во кое тој настапува нагласено оптимистички во поглед на добивање термин за почеток на преговорите за влез во ЕУ, како што пренесува Дојче веле на македонски:

“Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки протв почетокот на пристапните преговори,  туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја“, изјавува Пендаровски за „Шпигел“.

„Шпигел“ пишува дека официјално навистина причина се „технички пролонгирања“, Бундестагот ја одложи расправата и гласањето за ова прашање, но за германската влада очигледно е недвојбено дека Македонија ќе започне пристапни преговори уште оваа година. Но, кај многумина парламентарци има очигледно големи задршки, иако никој не сака да се изјасни јавно и експлицитно. „Шпигел“ продолжува:

„Притоа не станува толку збор за владеењето на правото и проблеми со корупцијата во Македонија, колку за хаотичната ситуација во Албанија каде конфликтот меѓу социјалистичката влада и опозицијата прерасна во насилство. Иако фактички е речиси неаргументирано, Албанија и Македонија треба да добијат заеднички термин за почеток на пристапни преговори. Пендаровски за ‘Шпигел’ рече дека во минатото при интегратициските прашања постојано имало одвоени преговори за различните земји, но тој лично не бил за тоа.“

Тоа, според весникот, е дипломатски одговор на едно сензибилното политичко прашање, зашто во земјата живеат околу 25 проценти Албанци, а соседот Албанија се чувствува како нивен заштитник.

„Пендаровски беше поконкретен во поглед на корупцијата. Правните стандарди се подобрени по крајот на авторитарно-националистичкиот режим на Груевски во 2016. година, но земјата уште е далеку од постоење независно правосудство. Сегашната коалиција на Социјалдемократите и албанските малцински партии не е многу консеквентна во борбата против конфликтите на интереси и корупцијата во сопствените редови. ‘Сегашната влада може и мора да биде подоследна во борбата против корупцијата и да ја води поконсеквентно, на европски начин, туку уште постои простор’, вели Пендаровски. Тој меѓутоа не гледа алтернатива за што поскоро почнување пристапни преговори со ЕУ. Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Затоа Северна Македонија нема план Б. Пендаровски истакнува: ‘Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината’“, пренесува интернет изданието на „Шпигел“.

На долги патеки во чекалница

НАТО да, ЕУ не –  аспирантите од Балкан за прием во ЕУ мора да бидат трпеливи.  Во Брисел владее уверување дека земјите ќе се помират со чекачката позиција, пишува „Нојес Дојчланд“ во текстот кој потсетува на одлуката на ЕУ-Советот на министри засега да не почнуваат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, а за тоа да биде одлучено најдоцна во октомври.

„Пред сѐ еврокомесарот за проширување Јоханес Хан минатата недела покажа разочарување. Со својата одлука министрите го доведоа во опасност процесот на веродостојност, изјави тој на прес-конференција. ЕУ мора да се реши дали ќе преземе улога на ‘играч’ или сака да биде само плаќач, истакна Хан, со што јасно ги отслика тензиите во ЕУ. Досегашната политика на ЕУ за проширување на сферата на влијание се вршеше првенствено преку прием на нови членки. Но, тоа има и една закачка: новопримените веќе беа членки на НАТО и со тоа се врши преклопување со интересната сфера на САД. И кај Македонија пред сѐ притисокот од Вашингтон придонесе за решавање на спорот за името со Грција и со тоа отворање на патот кон членство во НАТО.

Но, социјалдемократската влада во Скопје се ниша. Ветените златни времиња не стигнаа, пристапните преговори со ЕУ ќе може барем да дадат впечаток дека се можни идни подобрувања. Меѓутоа, ЕУ-аспирантите од Балкан и натаму се чуваат во чекалница…Се множат гласови дека земјите на тој начин ќе бидат втурнати во непосакувана соработка со Русија или Кина. Но, во Брисел и натаму владее уверување дека ниту домашната буржоазија ниту нејзините политички претставници не стремат јавно кон оддалечување од ЕУ,“ пишува Нојес Дојчланд“.

Пендаровски Шпигел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.