Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а зголемена е фрекфенцијата и на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, информираат од АМСМ. На граничниот премин „Богородица“, за излез од државата, се чека од 15 до 30 минути, а на „Табановце“ од 45 до 60 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ најавуваат прекин на сообраќајот од понеделник (29 јули) до среда (31 јули) на регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, во времетраење од 09:00 до 18:00 часот поради зафати на асфалтот.