НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерер се отвори: Врескав, плачев и кршев рекети по порази

0
By Нова ТВ on July 30, 2019 СПОРТ
Фото: rnz.co.nz
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поразите се составен дел од спортот. Некои болат повеќе, некои помалку, во зависност од калиброт на противникот и влогот во мечот. И не секогаш е лесно да се канализира бесот и да се контролира негативната енергија. За тоа треба време за „тренинг“ и на таквите ситуации не се имуни ниту најдобрите спортисти, особено во почетоците на кариерата, па ниту Роџер Федерер, човек со 20 гренслем титули. Признава дека не бил секогаш смирен и воздржан, како што изгледа или каков што беше по последниот пораз од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

„Кога губев мечеви, врескав, плачев, кршев рекети. Тоа беа лоши фази, особено кога имав 16-17 години. Во такви моменти губев разум и бев свесен дека треба да заминам од терен за да не бидам отстранет што понекогаш и се случуваше“, вели Федерер.

Швајцарецот вели дека секогаш сакал да има контрола над се што било причина да даде предност на тенисот во однос на фудбалот.

„Кога губите во тенисот, виновни сте само вие. Кога победувате, одговорноста е само ваша. Затоа и се одлучив за поединечен спорт пред колективен, односно, тенис пред фудбал, бидејќи имав чувство дека голманот погреши. Секогаш барав такви изговори иако, да бидам искрен, уживав во екипен спорт“, додаде Федерер.

Федерер во моментот е трет на АТП ранг листата и еден е од најдобрите во историјата на тениската игра. Во кариерата освои 102 титули од кои 20 на гренслем турнирите, освои злато на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и сребро во Лондон во 2012 година и втор е на вечната листа по заработувачка со 126,266,005 милиони долари.

Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.