Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Еурокомпозит“: Побарувањата за пензиско осигурување се претвораат во траен влог

0
By Нова ТВ on August 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 3, 2019 13:23

Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ и синдикатот изразуваат задоволство од владиниот предлог закон за претворање на побарувањата за пензиско осигурување во траен влог со што се решава едно од нивните најважни прашања.

По седницата на владиниот кабинет на 30 јули е соопштено дека е усвоен предлог-законот за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври–Еурокомпозит АД“ Прилеп и се исполнуваат барањата на поранешните и сегашни вработени во претпријатието во државна сопственост.

„Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и за инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата за да може соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд“, соопштија од Владата од каде предлог законот е проследен до Собранието.

Пеце Велјаноски од Одборот на прогласените за технолошки вишок вели дека голем товар им е симнат и конечно се најде решението.

„Конечно, по долги и мачни преговори, бројни штрајкови и протести од околу две години, се најде решение кое е за поздравување и благодарност до тимот што го водеше овој процес. Се надеваме дека брзо ќе оди процесот и да помине во Собранието. Ова е голем товар што падна“, вели Велјаноски.

Станува збор за околу 350 работници, вработени, прогласени технолошки вишок и со услов за пензија од прилепски „Еурокомпозит“ на кои шест и пол години не им се плаќаа придонесите.

Лазар Ангелески од гранковиот синдикат СИЕР објаснува дека во прашање се околу 2 милиона евра со кои преку фондот ќе се реши стажот на работниците. Ова е оптималното решение.

„Со големо задоволство ја примивме веста дека владата ги послуша барањата на вработените од „Еурокомпозит“ да се донесе посебен Закон за да може да бидат платени придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Не беа залудни сите напори кои ги вложија, заедно со синдикатот на СИЕР. Голема благодарност и до учесниците на владиниот преговарачки тим кој сфати дека само на ваков начин ќе може да се реши прашањето на „Еурокомпозит“ за да може фирмата да се преструктуира и да работи. Се надеваме дека постапката ќе оди брзо и за многу кратко време ќе се направат сите потребни пресметки за да може конечно да се исполнат барањата како што беа договорени“, изјави Ангелески.

Ќе се бара решение и за исплатата на отпремнините и на заостанатите плати.

„Доколку се преструктуира претпријатието и ако се најде сериозен стратешки инвеститор, тогаш, при купувањето на фирмата може да очекуваме работниците да се обесштетат во поглед на платите и надоместоците, како што се отпремнините. Судбината на отпремнините сѐ уште не е јасна и ние и понатаму ќе бараме, или фирмата, или Владата, или инвеститорот овие отпремнини да ги исплатат на работниците. Сумата не е голема, станува збор за околу 200.000 евра по основ на технолошки вишок или кои оствариле право на пензија“, објаснува Ангелески.

Цветан Бунтески од Одборот на прогласените работници за технолошки вишок смета дека најлесно ќе биде да се бара стратегискиот инвеститор кој беше најавен. Работниците, смета тој, се главни доверители во компанијата, па затоа и очекувањата се дека потенцијалниот партнер треба да разговара со нив за откуп на побарувањата.

Влада Еурокомпозит побарувања Придонеси работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.