НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Армијата го одбележува 27-от роденден, централната прослава во Охрид

0
By Нова ТВ on August 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.

На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од највисокиот државен и воен врв на земјава, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, претставници на дипломатскиот кор, институции со кои соработува Армијата и други.

На одбележувањето на роденденот на Армијата ќе присуствува и командантот на Националната гарда на Вермонт, полковник Грегори Најт кој е во повеќедневна посета на земјата и по повод одбележување на уште еден јубилеј – 25 години од билатералната соработка.

„Ние сме тука и секогаш даваме поддршка за ваше членство во НАТО и истовреме очекуваме да станете 30-та членка на Алијансата“, порача полковник Најт кој најави дека во следниот период планираат да го зголемат нивото на соработка.

На заедничката прес-конференција по средбата во Министерството за одбрана, министерката Шекеринска истакна дека 25-годишното партнерство со НГ на Вермонт е вградено во достигнувањата на нашата Армија, на нашиот одбранбен систем и се одбележува токму во време кога практично ги броиме последните денови до нашето полноправни членство во НАТО.

Меѓу гостите на централната прослава на Денот на Армијата ќе биде и висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, која исто така престојува во повеќедневна официјална посета на земјава.

Спроти Денот на Армијата, вчера во касарната „Илинден“ во Скопје се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.).

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата армија на земјава започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша Договорот за дислокација на федералната армија од територијата на државата.

АРМ Охрид прослава роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.