НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не брзај прваче: СОНК не отстапува, утре предупредувачки штрајк за повисоки плати

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: fakulteti.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) утре ќе организира предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта во земјава затоа што, како што рече претседателот Јаким Неделков, до денеска со МОН не е постигнат договор. Одлуката за штрајк на првиот училишен ден е донесена на 23 август затоа што СОНК не се согласува со покачувањето на платите на наставниците за 5 отсто, туку за онолку колку што е зголемена минималната плата во државата, односно, до 25 проценти.

И покрај апелот на ресорниот министер Арбер Адеми утре настава да има, Неделков на прес-конференција подоцна соопшти дека е дефинитивна нивната одлука за предупредувачки штрајк утре, а настава ќе има од вторник. СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, а ако го нема до крајот на месецов, можно е да организира генерален штрајк.

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече Неделков.

Очекува поддршка и од родителите, а во однос на нивната збунетост дали утре да ги пратат децата на училиште, одговори дека не е надлежност на СОНК, туку на училиштата да укажуваат или апелираат дали да доаѓаат или да не. Притоа праша која е причината учениците утре да дојдат ако не бидат прифатени од наставниците и нагласи дека СОНК нема да биде одговорен ако се случи некоја несакана последица за здравјето и безбедноста на учениците.

Рече дека е зачуден и од локалните самоуправи кои за утре најавуваат приредби и свечености за првачињата како за нормално почнување на учебната година, а нивни извори, како што рече, им кажуваат дека се вршат притисоци врз наставници кои телефонски се повикуват утре да ги прифаќаат учениците.

„Вршењето притисок врз слободната волја на оној што решил да штрајкува е кривично дело и законски се казнува. До сите надлежни кои ќе се обидат да го опструираат или, условно речено, да го задушат штрајкот, апелирам да се преиспитаат и да не го прават тоа, зашто ако имаме материјални докази за таква работа, ќе поведеме кривични постапки“, рече Неделков.

Министерот Адеми претходно на прес-конференција ги повика директорите и наставниците да се подготват за утре да почне новата учебна година. Напомена дека се на иста страна со СОНК кога е во прашање материјалниот статус на наставниците и му порача на Синдикатот дека не се штрајкува кога има одлука за покачување од 5 проценти. Рече дека за 10,8 проценти е зголемена платата на вработените во основните и средните училишта од август 2018 година, со покачувањето од 5 проценти ланскиот септември и за нови пет отсто овој септември.

Настава образование СОНК учебна година штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.