Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на денот на независноста: Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае (Видео)

0
By Нова ТВ on September 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 8, 2019 13:43

Денот на независноста – 8 септември во 1991 година ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата, порача премиерот Зоран Заев денеска на прославата која под мотото „Боите на независноста“ се одржува кај „Школка“ во Градски парк во организација на Владата.

Тоа, како што кажа, се боите кои Социјалистичка Република Македонија ја прогласија за независна Република Македонија.

„Нашата татковина која денес го носи името Република Северна Македонија е земја која станува членка на НАТО и се интегрира во ЕУ. Тоа е нашата земја, нашата убавина под различности“, истакна Заев.

Оваа година, како што рече, заеднички го прославуваме овој голем празник облечени во најубавите бои, во боите што самите ќе ги избереме и гордо ќе ги носиме, затоа што мозаикот е целосен само ако секое камче, секој дел посебно си го наоѓа своето место во тоа наше заедништво.

„Затоа градиме едно опшетство за сите, затоа секој е важен и затоа секој е одговорен тој наш мозаик нашата татковината да зрачи со силна светлина и со својата целина“, истакна премиерот.

Денот на независноста – 8 Септември, како што рече,  ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет.

„Денес Република Северна Македонија својата независнот ја потврдува во најмоќниот воено безбедносен сојуз – НАТО и како кандидат за членство во најсилната економска заедница на светот ЕУ“, истакна Заев.

Во своето обраќање тој посочи дека местото „Школка“ во Градски парк како да има некаква симболика со своето име.

„Дваесет и осум години по независноста, оваа наша земја која наликуваше на затворена школка, конечно, се отвора пред Европа и светот и добива можност да ја покаже својата вредност. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми и лоши односи со сите соседи, сега сме позитивен пример и модел што другите сакат да го следат, гордост европска“, нагласи премиерот.

Во рамки на прославата е организирана и богата културно-уметничка и забавна програма со настапи на Петко и „Пет плус“, групата „Ај кју“, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.

Граѓаните имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности и да ја видат изложбата подготвена од деца од малите групни домови. На посебен штанд на Министерството за здравство, граѓаните можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед. Припадниците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата ќе изведат показни вежби.

Северна Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. На референдумот над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Претходно, на 25 јануари 1991 година првиот повеќепартиски македонски Парламент, усвои Декларација за независност. Волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември во 1991 година во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември во 1991 година. Деценија подоцна, Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 година и потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид.

 

8 септември Зоран Заев Македонија независност празник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.