НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признание во Њујорк: Нина Ангеловска е една од седумте жени амбасадори на е-трговија

0
By Нова ТВ on September 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за финансии во Владата на Република Северна Македонија, Нина Ангеловска е меѓу седумте жени претприемачи кои се избрани за амбасадор на е-трговијата во Обединетите Нации (ОН). Нејзината промоција е најавена за време на 74. Генерално Собрание на ОН од 23 до 26 септември во Њујорк, а признанието го доделува телото при организацијата за трговија, инвестиции и развој УНКТАД.

Жените-амбасадори на е-трговија ќе се придружат на светските лидери во разгледување на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – „Цели за одржлив развој на Обединетите нации“ и ќе дискутираат за нејзино унапредување. Од УНКТАД иницијативата „Е-трговија за сите“ истакнуваат дека „супер седумката“ е избрана со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите кои ги носи глобалната дигитална економија, која е во постојан развој.

„За забрзување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата во земјите во развој, потребно е да се искористи позитивното влијание на дигиталната технологија во комбинација со трансформативната моќ на претприемништвото кај жените“, се вели во објавата на УНКТАД.

Покрај министерката Ангеловска, која ова признание го добива како ко-основачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, останатите избрани „амбасадорки на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико, ко-основачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Веќе неколку години наназад придонесот и работата на Ангеловска е препозната ширум светот. Меѓу позначајните меѓународни признанија е и признанието од магазинот „Форбс“ кој ја вброи во листата на 30 најуспешни и инспиративни млади лидери под 30 години во Европа во категорија “е-трговија.

Иницијативата „е-трговија за сите“ има за цел да придонесе во креирање на политики во националните и меѓународните дијалози во насока на еманципација и развој на способностите на следната генерација на жени претприемачки. Таа е предводена од УНКТАД, а поддржана и од владата на Холандија.

амбасадор Генерално Собрание Нина Ангеловска ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.