Претседавачот со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Адам Шиф изјави дека очекува свиркачот кој доведе до покренување процедура за импичмент на претседателот Доналд Трамп, да сведочи „многу скоро“.
– Се што треба да биде направено е адвокатите кои го застапуваат свиркачот да добијат гаранции што им се потребни за да можат да го застапуваат за време на сведочењето, рече Шиф.
Тој истакна и дека е потребно да се осмисли логистика за да се заштити идентитетот на свиркачот.
Кој е „свиркачот“ од Белата куќа: За Трамп е шпион-за медиумите агент на ЦИА
Истрага за импичмент на Трамп: Тврдењата на свиркачот се „многу вистинити“
По дојавата од анонимен „свиркач“ од разузнавачки кругови, демократите во Претставничкиот дом на Конгресот покренаа процедура за импичмент.
Истрага за импичмент на Трамп: Се спаси од руската, но му се заканува „украинска врска“
Демократите наведуваат дека Трамп ја злоупотребил функцијата и од украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал политичка услуга – да го истражи работењето во Украина на синот на неговиот потенцијален противкандидат од редовите на демократите Џозеф Бајден.




