Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тажна вест во тимот на Ѓоковиќ во Токио: Почина сестрата на Горан Иванишевиќ

0
By Нова ТВ on October 5, 2019 СПОРТ
Фото: AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 5, 2019 01:25

Радоста и задоволството од пласманот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Токио опен е засенета од тажна вест во стручниот штаб. Горан Иванишевиќ, најдобриот хрватски тенисер на сите времиња, ги проживува најтешките моменти во животот. Неговата сестра, Срѓана Иванишевиќ (52) почина по долга борба со леукемија.

Горан беше многу поврзан, приврзан и посветен кон Срѓана. Еден од примерите за тоа е дочекот во Сплит во 2001 година по освојувањето на Вимблдон.

„Ова е незаборавен ден“, рече во таа прилика Срѓана додека гордо стоеше до нејзиниот брат.

Популарниот Зец беше решен да стори се што е во негова моќ да ` помогне кога семејството се соочи со тешката болест. Иванишевиќ ја дозна веста на 17 годишна возраст, од татко му, додека се подготвуваше за пат кон Австралија. Замина одлучен да победи и да помогне во лекувањето.

„Отидов во Австралија каде најпрво загубив во финалето од квалификациите за место на главниот турнир во Аделаида. Потоа, сепак, успеав да влезам на Австралија опен и станав прв квалификант што стигнал до четврт-финале во Мелбурн. Сиот награден фонд што го заработив во таа прилика го подигнав во кеш што дотогаш го гледав само на ТВ. Од таму отпатував во Белград на меч во Дејвис купот против Данска, а парите ги носев во јакна. Стјуардесата ме праша 16 пати дали ќе ја соблечам јакната, но јас постојано ` велев дека ми е добро“, се присети Иванишевиќ на моментите од пред 21 година.

Кога пристигна дома, јакната ја предаде на татко му. Во неа имаше 200.000 куни (околу 26.500 евра) што беа наменети за лекување на Срѓана.

Фото: goranonline.com

Иванишевиќ, како активен тенисер, ќе остане запаметен по темпераментното однесување, псовките на терен, кршењето рекети, но сите одрекувања на неговите родители и болеста на сестра му направија да биде одлучен во настапите. Го освои Вимблдон на начин на кој не успеал ниту еден негов колега досега, а веројатно и во иднина. На гренслемот во Лондон влезе со вајлд карта и како 125 светски рекет и стигна до големото финале во кое на 9 јули во 2001 година го совлада и Патрик Рафтер.

Медиумите со восхит известуваа за подвигот на Хрватот што „Си-Ен-Ен“ го опиша како „нерешена мистерија“ што приватно беше насочена за помош на неговата сестра за справување со тешката болест што ` беше дијагностицирана.

Горан Иванишевиќ леукемија Срѓана Иванишевиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.