Четири лица загинаа во пукање што се случи утрово во Канзас Сити, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на официјалниот Твитер профил на полицијата во градот.
Пријавено е дека вкупно девет лица се погодени со огнено оружје кога непознат вооружен напаѓач влегол во бар и отворил оган, потврдиле од полицијата на „Си-Ен-Ен“.
Инцидентот се случил во 1:30 часот по локално време.