Славниот шпански тенисер Андрес Химено почина во Барселона во 83. година од животот. Најблескавиот момент во кариерата го имаше во 1972 година во која ја освои титулата на Ролан Гарос.
„Без сомнение, тој е еден од пионерите на шпанскиот тенис и важеше за голем спортист. Сочувство до неговото семејство. Почивај во мир“, напиша Надал на Твитер.
Химено во кариерата освои 41 АТП трофеј, а по пензионирањето отвори тениска Академија во која го прнесуваше своето знаење и искуство на помладите.