Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва работна сабота на Парламентот по 1892 година: Брегзит пред британските пратеници

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 09:05

Британскиот Парламент денеска треба да се произнесе по ревидираниот договор за Брегзит што во четвртокот беше постигнат со Европската Унија. Седницата ќе биде прва во сабота по 1892 година кога пратениците расправаа за Фолкландската војна што земјата ја водеше против Аргентина.

Лидерите на ЕУ на 17 октомври, едногласно го одобрија новиот договор за Брегзит. Но, иако и британскиот премиер Борис Џонсон го оцени како „одличен“, сепак, се очекува да има потешкотии при гласањето во Парламентот. На него се противат северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува малцинската Влада, како и опозициската Лабуристичка партија, Либералните демократи, Брегзит партијата и Шкотската национална партија.

Претходниот договор за Брегзит, што го договори поранешната британска премиерка Тереза Меј во декември 2018 година, трипати беше отфрлан од Парламентот. Ако и новиот не биде изгласан од пратениците, Џонсон ќе мора да бара ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Ако, пак, биде ратификуван, тогаш ќе стапи во сила на 1 ноември. Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер по постигнувањето на договорот за Брегзит ја исклучи можноста за какво било пролонгирање.

Во новиот договор за Брегзит ја нема одредбата позната како „бекстоп“, што предвидуваше останување на Северна Ирска во рамките на трговските и царинските регулативи на ЕУ, со што граничните контроли ќе беа непотребни. Според најновата верзија, Северна Ирска останува на единствениот пазар и се елиминираат царинските проверки на ирската страна на границата која останува отворена. Наместо тоа, царинските проверки и царините ќе се однесуваат на британските производи, што влегуваат во Северна Ирска, со ЕУ како крајна дестинација.

Тоа практично значи дека артиклите ќе се царинат во Ирското Море, предлог кој британската Влада го отфрлаше речиси од самиот почеток.

И ЕУ се согласи на компромис, па Северна Ирска доби специјален пристап до единствениот пазар. Исто така, Северна Ирска со договорот добива и право на глас за регулативите, што не беше случај во минатогодишниот договор. По четири години имплементација, Парламентот на Северна Ирска би гласал за продолжување или прекинување на аранжманот.

Освен одредбите за ирската граница, новиот договор за Брегзит, во најголем дел, е ист како оној што го постигна Меј и ги наведува условите за излез на Велика Британија од Унијата.

Доколку договорот биде усвоен, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, но ќе остане на единствениот пазар и се обврза да ги почитува неговите прописи до крајот на 2020 година, сè додека двете страни не договорат нови трговски односи.

Исто така, Лондон би се согласил до крајот на буџетскиот период во 2020 година да плаќа придонеси за пензиите за вработените во администрацијата на ЕУ и за програмите на ЕУ во кои учествуваше Велика Британија. Овие придонеси претходно беа проценети на околу 39 милијарди фунти.

Во доменот на трговијата, двете страни во необврзувачка политичка декларација ветија „амбициозно, широко, длабоко и флексибилно партнерство во трговијата и економската соработка, што ќе се фокусира на сеопфатен и балансиран договор за слободна трговија“. Деталите за тој трговски договор, како и многу други аспекти на идните односи, ќе бидат договарани по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Што се однесува до правата на граѓаните, европските граѓани кои сега живеат во Велика Британија, како и Британците кои веќе живеат или работат во земјите на ЕУ, нема да го загубат правото на престој и работа.

Според ревидираниот договор за Брегзит, европските граѓани повеќе нема да можат слободно да одат да живеат и работат во Велика Британија, ниту Британците во ЕУ, но за куси посети ќе се задржи безвизниот режим.

Брегзит. Договор В. Британија ЕУ парламент Северна Ирска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.