Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски, а наш: „Врба“ на Милчо Манчевски премиерно прикажан на Римскиот филмски фестивал

0
By Нова ТВ on October 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2019 14:25

Новиот игран филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски синоќа имаше светска гала-премиера на 14. Филмски фестивал во Рим, која се одржа во салата „Петраси“ во најголемиот јавен музички комплекс „Паркот на музиката“. Како што соопшти Министерството за култура, екипата од филмот присутна на фестивалот помина и на црвениот килим, а на проекцијата присуствуваше и министерот за култура Хусни Исмаили.

Фото: romeing.it

Претходно вчера имаше утринска проекција на „Врба“ за новинарите, а потоа и прес-конференција со режисерот Манчевски и со актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и КамкаТоциновски. „Врба“ на Фестивалот во Рим е селектиран во официјалната програма меѓу 33 филмови од 25 земји во светот.

„Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба, наведува Министерството за култура.

Фестивалот беше отворен на 17 октомври со најновиот филм на актерот и режисер, Едвард Нортон, „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо. Филмскиот фестивал во Рим е голем културен настан каде што публиката има можност за директен разговор со најголемите режисери, актери и писатели. Исто така, паралелно со Фестивалот има и голем филмски маркет за пласман на филмовите и за склучување нови проекти.

„Врба“ е шести долгометражен филм на Милчо Манчевски. Игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, НаталијаТеодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во другите улоги настапуваат: Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

„Врба“ Милчо Манчевски Премиера Рим фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.