Македонската футсал репрезентација со три порази ги заврши настапите на претквалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Светското првенство во 2021 година.
Националниот тим, под водство на селекторот Иван Божовиќ, најави борба за второто место и покрај проблемите со повреди на дел од клучните играчи. Но, нивното отсуство, се чини, беше преголем хендикеп во дуелите во СЦ „Јане Сандански“.
На поразите од Словенија во првото коло со 1:6 и од Косово во второто со 5:7, се надоврза и денешниот против Украина со 1:5 што може да резултира со оставка на селекторот Божовиќ.