Британскиот криминалец Рони Бигз, кој славата ја стекна како учесник во Големата кражба во воз во 1963 година, почина во 84-тата година од животот во својот дом во Лондон.
Бигз беше член на бандата која скокна во возот кој се обраќаше на линијата Глазгов – Лондон во 1963, од каде беа украдени 2,6 милиони фунти. Осуден на 30 години затвор, од каде побегна 1965 година.
По 36 години поминати во бегство доброволно се врати во Обединетото краство во 2001 барајќи медицинска помош, но властите го пикнаа в затвор. Ослободен беше 2009 поради тешко запаление на белите дробови.
Бигз кој за време на бегството живееше во Шпанија, Нразил и Австралија, помина во затвор 15 месеци пред да побегне со скали од јаже преку затворскиот ѕид.
Првично побегна во Париз заедно со сопругата и двајцата синови. Легендарната кражба на воз беше инспирација за снимање на два филма.