Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Археологија: Откриена нова наколна населба кај Даљан од крајот на бронзеното време

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2019 13:18

Нова наколна населба, досега непозната за археолошката јавност, е откриена во рамки на истражувањата спроведени во третата кампања од проектот „Погранични студии – Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија во регионот на Охридското Езеро“. Како што соопштија од Археолошкиот музеј од Скопје, станува збор за палафитната населба кај месноста Даљан на брегот на Охридското Езеро што потекнува од крајот на бронзеното време т.е. од пред 3.000 години.

Локалитетот е откриен во рамки на истражувањата што се поддржани од Министерството за култура и од Карловиот универзитет од Прага, а ги спроведуваат Археолошкиот музеј од Скопје и Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице, Геолошкиот истражувачки центар од Чешка, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Музејот „д-р Никола Незлобински“ од Струга.

Со истражувањата беа земени и преку сто примероци на почва, остатоци од дрва и друг органски материјал што со модерни технологии ќе бидат направени најразлични анализи како: анализа на полен, анализа на макроостатоци, дендрологија и дендрохронологија, седиментологија, хемиска анализа на почва, датирање со изотоп C14 и биохемиски анализи. Од резултатите се очекува да се добие можност за подетална реконструкција на археолошката слика на регионот во првиот милениум пред н.е.

Инаку, во првите две кампањи од проектот било спроведено рекогносцирање на населби и некрополи во Охридско-преспанскиот регион, опфаќајќи ја охридската котлина северно од езерото (Струга и Охрид) како и преспанската котлина кои хронолошки припаѓаат на периодот од Бронзеното време, па сѐ до потпаѓањето на регионот под римска власт. Главна цел на геолошките истражувања е да се реконструира пејсажот, да се истражат климатските промени како и животните навики на популацијата што го населувала специфичниот Охридски езерски регион, во кој воедно се појавува и елитата што била погребана на некрополата кај Требениште.

Со откривањето на новата населба и со останатите резултати добиени со археогеолошките испитувања се добива нова слика за минатото на овој значаен крајбрежен и археолошки богат регион. Раководители на проектот се м-р Перо Арџанлиев од НУ Археолошки музеј од Скопје, д-р Марек Верчик од Карловиот Универзитет од Прага, додека геолошките истражувања ги предводи  д-р Јаромир Бенеш од Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице.

Археологија Бронзено време Даљан истражување Населба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.