НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на Денот на албанската азбука: Да имаме комуникација, толеранција и заедништво

0
By Нова ТВ on November 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерноформираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство, изјави синоќа премиерот Зоран Заев во обраќањето на Свечената академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

„Јазикот и писмото, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна. Во таа насока наша должност и одговорност не е само да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави комуникација, разбирање, толеранција и заедништво“, истакна премиерот Заев пред присутните гости.

Тој нагласи дека го радува фактот што Свечената академија во чест на овој значаен настан од историјата на албанскиот народ и од историјата на Република Северна Македонија, е само еден од низата настани организирани со голема почит овие денови со што уште еднаш се потврдува определбата на Владата за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност.

„Во градот на конзулите, Битола, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржа од 14 до 22 ноември во 1908 година, се собрале сите истакнати личности во културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век, претседателот на Конгресот, Митат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракучи и Ѓерѓ Киријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта и други истакнати личности како Ндре Мједа, Шахин Колоња, Сотир Пеци, Бајо Топули и единствената жена на Конгресот Парашчеви Чиријази, за да направат уште еден чекор во албанската култура и историја и да ја усвојат азбуката составена од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес“, изјави Заев.

Според него, сведоштво за важноста на „Конгресот во Битола“, освен големиот број на делегати и албански интелектуалци, се и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола, каде се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо. Поставката се состои од 56 фотографии и повеќе од 230 дигитални и хартиени документи, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енџели од 1462 година.

Заев потсети дека оваа година се навршуваат и 50 години од објавувањето на читанките за настава на унифицираниот, стандарден албански јазик, посочувајќи дека авторите Хаџи Фида, Хамза Река и Муса Арифи, како и авторот на букварот Џеват Гега, се вградени заедно во афирмацијата на албанскиот јазик, образованието и во негувањето на културните вредности на албанскиот народ.

Тој нагласи дека одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите, со проевропска и просперитетна иднина.

Академија албанска азбука Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.