НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата Франциск со апел до светските лидери: Откажете се од нуклеарното оружје

0
By Нова ТВ on November 24, 2019 СВЕТ
Фото: vaticannews.va
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папата Франциск денеска од Нагасаки упати апел до светските лидери да се откажат од нуклеарното оружје и доктрината на застрашување од времето на Студената војна, истакнувајќи дека трупањето на нуклеарно оружје ја загрозува безбедноста, државите ги изложува на непотребни трошоци и претставува закана за човештвото.

Откако положи венец и се помоли пред Споменикот на жртвите од втората атомска бомба што САД ја фрлија врз Јапонија во 1945 година, папата кажа дека тоа место претставува вистински потсетник на „болката и ужасот што ние луѓето сме во состојба да си го нанесеме едни на други“, пренесоа американските медиуми.

„Убеден сум дека светот без нуклеарно оружје е можен и барам од светските лидери да не заборават дека тоа оружје не може да нè заштити од актуелните закани за националната и меѓународната безбедност“, нагласи папата Франциск.

Илјадници Јапонци се собраа пред споменикот во Нагасаки додека вториот папа во историјата што ја посетува земјата им одаваше почест на жртвите од атомската бомба.

Папата Франциск го посети Нагасаки, а во план е да ја посети и Хирошима за време на својата тридневна посета на Јапонија, што за своја примарна цел ќе го има апелот за глобална забрана на атомското оружје. Нагасаки, градот каде беше фрлена бомбата и во кој се ширело христијанството во оваа земја, претставува совршено место за тоа, наведуваат американските медиуми.

атомска бомба Нагасаки Папа Франциск посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.