НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражители на Русковска ја тресат финансиската документација во СЈО

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е денешен терен за истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал (ОЈО). По налог на обвинителката Вилма Русковска, во моментот се претресува финансиската документација во истрагата за исплата на бонуси, потврдуваат од СЈО за НОВА ТВ.

Акцијата е последица на информациите што протекоа во јавноста од базата „Отворени финансии“ за доделување на поприлични суми на пари за време на самостојниот мандат на СЈО.

Цел на истражителите се договори за доверливост, за исплата на плати, на надоместоци, на бонуси и за вработувања во истрагата за евентуални финансиски злоупотреби. Според „Отворени финансии“, лидер на листата со најголем доделен додаток е специјалната обвинителка, Катица Јанева со 157.000 евра за време на мандатот додека салдото на останатите се движи меѓу 70 и 100.000 евра.

Неколку дена претходно, државниот обвинител Љубомир Јовески за Телма изјави дека тие немале увид во висината на доделните  бонуси:

„Исплатата на плати надоместоци е утврдена во законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката ,,Отворени финасии,, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајотот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“,  изјави Јовески.

бонуси ОЈО Отворени финансии СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.