Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Нема ништо спорно за прослави на навивачи во театар, во петокот немало намера за штета

0
By Нова ТВ on November 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2019 13:44

Нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ прославувала јубилеј 30 години постоење во Македонскиот национален театар (МНТ). Ова е став на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети при положување на цвеќе пред споменикот на Скендербег по повод Денот на албанското знаме.

„Што се однесува до материјалната штета на театарот, тоа е друго прашање што ќе го процени Министерството за култура, но не мислам дека луѓето отишле таму за да предизвикаат штета или вандализам“, рече Ахмети кој додаде дека прослави на навивачки групи во театри има и во Германија, во Велика Британија и други земји.

Навивачката група „Шверцери“ во петокот доби свои „пет минути“ во петокот во МНТ по Свечената Академија за одбележување на 111 години од Денот на албанската азбука. Во нивна чест имаше проекција на документарен филм, но однесувањето не мина без последици по инвентарот во објектот. И додека Ахмети застана во одбрана на симпатизерите на чаирчани за кои рече „дека немале намера да предизвикаат штета или вандализам“, реалноста е поинаква.

Директорката на МНТ, Симона Угриновска во изјава за НОВА ТВ наведе дека „се скршени даскички од украсните лајсни, исечен тапацир, скокање по столчињата“. Како организатор на првиот настан (Свечена Академија по повод Денот на албанската азбика) било Министерството за политички систем, а лице за контакт за вториоот настан во вечерта (30 години од формирањето на „Шверцери“) бил Артан Груби, актуелен пратеник од ДУИ и поранешен член на самата навивачка група.

„Најмногу штета е причинета на ентериерот на големата сцена и фоајето. Тоа се гледа и од видеата што се достапни преку социјалните мрежи. Но, јас мора да разграничам. Во петокот имаше два настана. Проблематичен беше вториот настан, првиот не. И ова што се случи беше најавено дека е во делот на одбележување на Денот на албанската азбука. Немавме синопсис за настанот што е вообичаено и бараме да ни приложат за секој настан и никој не очекуваше такво нешто. Само ни беше речено дека ќе има проекција на документарец и толку. Ниту бевме информирани кој ќе биде како публика. Сите напори да добиеме било каква информација останаа залудни. Бидејќи мислевме дека е во рамки на првиот настан, кој мина во најдобар ред и како гостин се појави премиерот, имавме доверба“, изјави Угриновска за НОВА ТВ.

Македонскиот национален театар е под капа на Министерството за култура и одлуките за отстапување на објектот за прослави од јавен интерес се носат во меѓусебна координација меѓу трите страни. Не е првпат тука да се одржуваат и настани поврзани со спортот. Неколку години наназад во МНТ се организира и прогласувањето на најдобрите во македонскиот фудбал во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), меѓутоа досега не било забележано оштетување на инвентар во објектот.

Али Ахмети Ден на албанската азбука документарец МНТ Навивачка група Шверцери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.