НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Изречената санкција е добра, Милески може да се појави како сведок

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителката Вилма Русковска рече дека изречената казна против третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е добра, но дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата ќе одлучи по примање на пресудата.

„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.

Таа не ја исклучи можноста за Милески во наредниот период да се појави во улога на сведок во постапката против првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и второобвинетата, Катица Јанева.

„Милески може да се појави како сведок во случајот. Во таква улога може да биде по предлог на обвинителството или на одбраната во дополнување на доказна постапка“, додаде Русковска.

Зоран Милески-Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, доби три години затвор за примање награда, откако во текот на вчерашниот ден призна вина. Судот одлучи тој да остане во домашен притвор откако претходно ги сослуша аргументите на обвинителството и одбраната. Обвинителската Вилма Русковска предложи продолжување на куќниот притвор до издржување на казната, а адвокатите на Милевскли пак бараа да се укине, затоа што треба да се грижи за неговиот болен татко, и дека не планира да бега. Тие истакнаа дека и досега секогаш бил достапен и признал вина.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.

Вилма Русковска Зоран Милески пресуда Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.