Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законодавно-правна комисија: Нема потреба од автентично толкување на член што не постои

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 4, 2019 16:19

Собраниската Законодавно-правна комисија на денешната седница заклучи дека нема потреба за автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Инаку, единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Зкаонот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.

Во образложението, пратеникот Костов нагласи дека основната причина била нивната убеденост дека во правниот поредок на нашата држава повеќе не постои членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година, со кој претседателот на државата во одредени околности може да даде помилување и надвор од редовната постапка. Главната причина, потенцира тој, е донесената одлука од Уставниот суд да ја прифати иницијативата за оцена на уставноста на одлуката на поранешниот претседател на државата, со која го поништи помилувањето на 56 лица, кое претходно го имаше дадено. Со неа, како што рече, се предизвикаа протести и формирање на т.н. „Шарена револуција“ и незадоволство од страна на граѓаните.

„Доколку Уставниот суд ја прифати иницијативата би можело да доведе до тотален пораз на правната држава“, рече меѓу другото пратеникот Костов.

Според Ејуп Алими, пратеник и координаторот на пратеничката група на ДУИ, радува фактот што сите во државата се за сеопфатен ветинг на сите избрани лица, поаѓајќи од правосудскиот систем.

„Селективна правда постои во државата, а сета оваа врева ќе продолжи бидејќи сме на прагот на предизборна кампања. Од ваквата селкективна правда најонеправдани биле граѓаните припадници на албанската етничка заедница“, рече Алими.

За иницијативата за автентично толкување на членот 11, тој појасни дека ДУИ смета оти не може да се бара автентично толкување за член што не постои и потенцира дека вистинскиот член 11 не постои поради тоа што е изменет во 2009 година, а потоа е укинат во 2016 година.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА посочи дека поддржувал секоја иницијатива за борба против корупцијата, особено за високи функционери за кои има сомневања дека се инволвирани во криминал и корупција, истакнувајќи дека ветингот треба да го направи друга власт. „Го изгубивте кредибилитетот да разговарате за овие теми, имавте можност и сите алатки на власта да говорите за криминал, а резултатите не се постигнати. Затоа ќе ја поддржам оваа иницијатива“, изјави пратеникот Зендели и побара идната Влада да ги реши овие прашања.

Законодавно-правна комисија толкување Член 11
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.