НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден затишје за „Рекет“: Милески „решен“, Боки 13 и Јанева утре пак во Кривичен

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден затишје во случајот „Рекет“ пред утрешното продолжение на рочиштето во Кривичниот суд против прво и второосомничените, Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, кои се изјаснија дека не чувствуваат вина во предметот во кој како оштетен се јавува бизнисменот Јордан Камчев. За разлика од нив, третобвинетиот Зоран Милески-Кичеец уште на почетокот на главната расправа призна вината и вчера доби казна затвор од три години за делото „примање награда за противзаконско влијание“.

Претседателката на судечкиот совет, Васка Николовска-Масевска образложи дека Кичеец е виновен затоа што со Боки 13, преку претходно воспоставени пријателски односи, влијаел врз Јанева да се изврши службено дејство што не би смеело да се изврши. Истото беше поврзано со кривичната постапка што ја водеше СЈО против Јордан Камчев во предметот „Империја“ и замена на мерката притвор со поблага мерка куќен притвор.

За сето ова придонел Кичеец со закажување на средби меѓу Камчеви со Боки 13 на кои се договарало познатиот скопски бизнисмен да добие својство на заштитен сведок со намера да ја запре истражната постапка и со него да се склучи предлог-спогодба за вина за полесно кривично дело, да плати незначителен износ на штета, да му се укине мерката на претпазливост и привременото одземање на пасошот.

На средбите Кичеец ги уверил во влијанието на Боки 13 врз Јанева, а за посредувањето е примена награда со вкупен износ од еден милион и петстотини илјади евра, и тоа од Ана Камчева 500.000 евра, а од Јордан Камчев еден милион евра.

 

Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

„Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за постапките да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци“, изјави Рускоска.

Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 во Судот рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зашто е цел на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“. Второобвинетата Јанева, пак, рече дека не се чувствува виновно и дека е горда на СЈО и тимот што го водела четири години.

Судењето продолжува в петок против првообвинетиот Јовановски, кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Бојан Јовановски Зоран Милески-Кичеец Катица Јанева Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.