Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Равена Вода, соопшти дека 3.135 граѓани се евакуирани и 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. Според неа, тоа се најнови податоци за штетата предизвикана од земјотресот, собрани од инспекторите во Тирана, Драч, Лежа, Лач и Круја.
Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за итни случаи во Круја, Драч, Лач и Тирана.
Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, загинаа 51 лице и повеќе од 900 беа повредени.