Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотрес во Албанија, се тресеше и Македонија: Падна зграда во Драч, дете извлечено од урнатини (Видео)

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 26, 2019 07:26

https://www.youtube.com/watch?v=xE1V6-e1oAE

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по скалата на Рихтер утрово (03.54 часот) ја погоди Албанија, но потресот сериозно се почувствува и во Македонија и во сите останати држави во регионот на Западен Балкан и пошироко. Според наводите на светските сеизмолошки станици, епицентарот бил југоисточно од Драч на длабочина од 20 км.

По првиот удар се забележани уште два со јачина од 5,3 степени и 5,1 степен по рихтеровата скала и десетина послаби.  Според информациите од медиумите досега има две жртви- 32 годишен маж кој скокнал од балкон во Курбин и повозрасна жена, додека бројот на повредени е над 150 лица кои добар дел завршија во болниците во Тирана, и голема материјална штета.

Локалните медиуми јавуваат дека во Драч паднала петокатница, а од урнатините е спасено едно дете. На улица излегоа и жителите на Тирана од кои дел, како што објавија албанските медиуми, со бебиња во раце.

Фото: twitter

Албанскиот премиер Еди Рама во првата реакција изјави дека ова е драматичен момент, но оти заедно ќе се справат со него.

-Ова е драматичен момент, треба да ја зачуваме смиреноста, да бидеме еден до друг и заедно да се справиме со состојбата. Ние ќе сториме се и со нашите големи пријатели ќе ја надминеме оваа ситуација. Храброст!Трпение! Солидарност, напиша Рама на Фејсбук.

Има и жртви, па затоа Рама додава дека целата држава е на нозе.

-Од силниот земјотрес има сериозни последици и, за жал, загубивме животи. Сите државни структури се во функција уште од првите моменти по потресот. Интензивно се работи на неколку фатални места во Драч и Туман за да се спаси секој можен живот, наведува Рама,кој од рано утринава е во Драч.

Земјотресот предизвика силна вознемиреност меѓу граѓаните во Македонија кои будни го дочекаа новиот работен ден.

Massive damages#Albania #Earthquake pic.twitter.com/0BXKW7ExDJ

— Igli Lime🇦🇱 (@IgliLime) November 26, 2019

Најголема штета, според владините портпароли, е регистрирана на објекти во Драч. Ова е најсилен земјотрес во Албанија во последните 30 години, втор во само три месеца по оној во септември кој беше со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала и предизвика оштетувања на 500 куќи.

Земјотресот, покрај во Албанија и Македонија, го почувствуваа и граѓаните на Србија, на Црна Гора, на Косово, на БиХ, на Хрватска, на Бугарија и на Италија.

Според албанскиот Институт за сеизмологија, во период од четири часа регистрирани се повеќе од 100 потреси.

 

Албанија Драч земјотрес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 23, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

ВЕСТИ July 23, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со…

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.