НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Адаптација на сите забелешки од Венецијанската комисија за Законот за јазици

0
By Нова ТВ on December 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извештајот што Венецијанската комисија го даде за Законот за јазици се толкува различно од коалициските партнери во Владата, СДСМ и ДУИ. Притоа се наведени и забелешки што се однесуваат во делот на судството и на казнените одредби, па премиерот Зоран Заев најави корекции на предложениот текст, во согласност со прецизните укажувања на експертите.

Комисијата е со мислење за напуштање на двојазичноста во судството оти може може да доведе до нарушување на правото за фер судење и препорача одложување на обврската за примена на албанскиот јазик меѓу државните службеници во меѓуинституционалната комуникација.

„Сите забелешки што се внатре ќе ги адаптираме. Министерството за правда ќе ги подготви измените по што уште еднаш ќе ги испратиме да кажат дали тоа е тоа и ќе го пуштиме во Парламентот“, најави денеска премиерот Заев.

Законот е „прочитан“ како одобрен од министерот Бујар Османи кој и лично присуствуваше на расправата на Венецијанската комисија. Дека е текстот е одобрен јави преку својот Фејсбук профил.

Фото: facebook

„Венецијанската Комисија штотуку го одобри извештајот за Законот за Јазици. Поздравена е пошироката употреба на албанскиот јазик. Комисијата смета дека употребата на двојазичноста во банкнотите и на униформите на војската е пракса во неколку земји и не е во спротивност со меѓународните норми. Омекнат е вордингот по однос на подготвеноста на администрацијата за двојазичност во судството со додавање на зборот МОЖЕБИ нема капацитети и бара флексибилност. Комисијат, исто така, смета дека глобите за непочитување на законот се превисоки и треба да се разгледаат“. напиша Османи на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ е велат дека Законот го оптоварува општеството и бараат почитување на мислењето на Комисија.

„Вакво законско решение го оптоварува општеството, го оптоварува движењето на документи, особено во судскиот дел. Ние сме за употреба на јазиците, но тоа да биде согласно законските норми и олеснување на комуникацијата низ институциите“, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Забелешки на забелешките на Венецијанската комисија испорача опозициската БЕСА. Од таму изразуваат несогласување со експертите кои Албанците ги нарекуваат втора мнозинска заедница. Нејзиниот претседател Билал Касами со порака со партиите на Албанците дека е крајно време еднаш засекогаш да се реши проблемот со албанскиот јазик.

„Албанскиот јазик треба запишан во Уставот како службен јазик наместо да се нарекува јазикот што го говори 20 отсто од населението“, нагласи Касами.

Законот за јазици беше донесен на почетокот на 2019 година. Во Собранието мина од вторпат по одбивањето на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов да го потпише указот во минатата година.

Венецијанска Комисија Закон за јазици Зоран Заев Извештај мислење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.