Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици ја „загрева“ изборната кампања

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 11, 2019 09:02

Двојазичноста деновиве повторно е актуелна тема во медиумите. Според политичкиот аналитичар Александар Кржаловски тоа е последица на предизборието.

Точно е дека самото ближење на изборите додава на драматиката, изостреноста на реакциите и нивната радикалност и дополнително, како што сме навикнале, е палење на етничкиот елемент, особено од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во смисла да ги засилат тие меѓуетнички тензии за да ќарат глас повеќе на своја сметка“, вели Кржаловски за Слободна Европа.

Големите  финансиски последици, краткото време за спроведување и недостигот на потребен кадар на преведувачи се главните критики на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците. Во официјалниот извештај,  Комисијата го критикува донесувањето на законот без дебата, без консензус и по скратена постапка. Категоризацијата во законот –  на албанскиот јазик како „јазик кој го говорат најмалку 20% од граѓаните“ комисијата ја смета како апстрактна дефиниција која предизвикува нејаснотии во спроведувањето. Треба да стане јасно за сите кои одредби од законот се однесуваат  само за албанскиот јазик, а кои  за јазиците на останатите заедници.

Фото: etleboro.org

Законот треба да се разгледа со цел да стане јасно дека граѓаните имаат право, а не обврска да ги користат јазиците на заедниците. И доколку државата обезбеди доволно финансиски извори, истакнува Венецијанската комисија, институциите треба да ангажираат значителен број на толкувачи и преведувачи со високи квалификации на македонски и албански, нешто што изгледа дека Северна Македонија го нема. Подготвувањето на потребниот кадар за целосно спроведување на законот треба да започне со реформирање на образовниот систем, препорачува Венецијанската комисија.

Членот кој го регулира спроведувањето на двојазичност во банкнотите, монетите и поштенските марки, Комисијата не го смета за преседан и истакнува неколку примери во регионот, ЕУ и надвор од Унијата. Нема судир меѓу овој член и меѓународните конвенции.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Законот за јазиците е една од алките што не спојува во државата и така ќе продолжиме во иднина, градејќи заеднички ставови за сите препораки од Венецијанската комисија да имаат соодветна примена.

Фото: thenational.ae

Прашан дали има поделби во Владата или едногласен став за препораките што Венецијанската комисија ги упати до Владата за Законот за јазици, Заев најави дека до крајот на неделата ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можат да усогласат заедничко решение.

„Последните сугестии кон Венецијанската комисија ги дадовме заедно, претставници од мојот Кабинет, Министерството за правда, европски прашања и Министерството за надворешни работи и така ќе продолжиме. Овој закон е една од алките што нè спојува во државата и така ќе продолжиме во иднина градејќи заеднички ставови и сите препораки кои ги кажува Венецијанската комисија да имаат своја соодветна примена. Веќе до крајот на неделата ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можеме да го усогласиме ваквото решение за препораките од Венецијанската комисија да го добијат она на што со причина укажуваат, а тоа е раст на капацитетите на самите институции заради примената. Верувам дека токму тоа ќе биде во заеднички дух, онака како што имаме намера заеднички да го прифатиме“, изјави Заев.

Вицепремиерот за европски прашања пак Бујар Османи посочи дека ќе ги почитуваат одлуките на Венецијанската комисија, но вели и натаму останува на ставот дека законското решение е добро и не смее да се менува.

Фото: facebook

Османи тврди дека нема големи разлики во ставовите на владините коалициски партнери ДУИ и СДСМ за ова прашање. За најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат амандмани на Законот за употреба на јазиците, Османи упати на одговор од СДСМ, имајќи предвид дека станувало збор за исти амандмани што своевремено тие ги предложиле. Од опозициската партија, пак, уште ги изготвуваат амандманите, но побараа поддршка од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венециската комисија, изјави пратеникот Драган Данев.

„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венецијанската комисија јасно потенцира дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики. Почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е обврска за Република Македонија. Нон-пејперот на Франција, според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата, бара и почитување и имплементација на кажаното од Венециската комисија. Нејзините забелешки се потврда и на нашите што како партија ги поднесовме пред една и пол година кога владината коалиција насилно го туркаше Законот злоупотребувајќи европско знаменце“, рече Данев и ја повика владејачката СДСМ да ги поддржи амандманите.

Изборот е едноставен, или Заев прифаќајќи ги амандманите на законот за јазици ќе го почитува правото и Уставот, или ќе продолжи да биде пречка за правдата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил.

Не сум среќен кога Мицкоски зборува на прес-конференција за Законот за јазици, изјави вицепремиерот Бујар Османи во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus” .

„Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема“, рече Османи.

Премиерот Заев рече дека не е запознаен со амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но истакна дека секојпат е добредојдена која било дебата што може да унапреди што било во државата.

„Опозицијата е значаен коректив, ако сето тоа е во прилог да може да биде унапредено едно општество за сите, овозможени правата што уставно беа дадени, а со законите не беа овозможени. Овој Закон тоа го овозможи, верувам дека секогаш можеме да дебатираме, да прифаќаме, да одбиваме она што значи подобрување на системот“, рече Заев.

Венецијанска Комисија Закон за јазици препораки Употреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.