НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дилот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за Судскиот совет ќе помине на собраниска седница

0
By Нова ТВ on December 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Весна Дамева и Селим Адеми се очекува да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет на денешната пленарна седница во македонскиот Парламент, откако нивните кандидатури минаа на собраниската комисија за избор и именување.

Дамева доаѓа по предлог на претседателот Стево Пендаровски како досегашна стручна соработничка во Кривичниот суд во Скопје додека, пак, правникот од Вруток, Адеми е номиниран од ДУИ. Во пакет со нив на Комисијата не мина Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ, поради нерешен исход во гласањето (6:6).

„Ако дојде до гласање, а ќе дојде, ќе поминат двајцата. Еден од кандидатите е по предлог на претседателот, а другиот е по предлог на ДУИ. Денеска треба да објавиме нов оглас што ќе трае месец дена за пријавување на нови кандидати од кои треба да се избере еден за комплетирање на Судскиот совет“, вели Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието.

Тој го оцени како „чуден“ епилогот од последната седница на Комисијата за избор и именување во Собранието.

„Кандидатката на СДСМ не мина за еден глас од ВМРО. Беше чудно што кандидатот на ДУИ мина без никаков проблем. Тројца пратеници од ВМРО гласаа за него, а за нашиот предлог не гласаше никој. Мој впечаток е дека со тоа профункционира коалицијата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во Комисијата за избор и именување во тој дел за да не дозволат да се избере уште еден член и тие да може останат мнозинство во Судскиот совет“, коментира Зекири.

Структурата на собраниската Комисија за избор и именување, чиј претседател е Илија Димовски, е шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и по еден од ДУИ и од движењето Беса.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден достави предлог за симнување на изборот на Дамева од дневен ред на денешната пленарна седница што не беше прифатен од парламентарното мнозинство.

На чело на Судскиот совет од пред неколку месеци е Киро Здравев кој на функцијата го наследи Зоран Караџовски. Мандатот на членовите (Миљазим Мустафа, Лорета Горгиева, Зоран Теофиловски, Мирсад Суроји, Киро Здравев, Гордана Спиреска, Сашко Георгиев, Владе Богданоски, Зоран Караџовски, Шемседин Јусуфи, Виолета Богојеска) трае шест години со прави на реизбор како што ќе биде случај со Адеми. Дел од Судскиот совет по функција се и министерот за правда и претседателот на Врховниот суд на кои им престанува членството со повлекување од односните раководни позиции.

Весна Дамева Комсија за избор и именување Селим Адеми Собрание Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.