Дилот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за Судскиот совет ќе помине на собраниска седница

Според Мухамед Зекири, на последната седница на собраниската Комисија за избор и именување профункционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Весна Дамева и Селим Адеми се очекува да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет на денешната пленарна седница во македонскиот Парламент. Дамева доаѓа по предлог на претседателот Стево Пендаровски, Адеми, пак, е номиниран од ДУИ. Во пакет со нив на Комисијата не мина Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ, поради нерешен исход во гласањето (6:6).