НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали во ДИК се крадат стотици илјади евра од избори?

0
By Нова ТВ on December 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поднесе четири иницијативи до Јавното обвинителство со цел да се утврди дали при печатењето на гласачките ливичиња и изборниот материјал, вработени во Државната изборна комисија (ДИК) краделе државни пари. Иницијативите се однесуваат на парламентарните избори во 2016 година, потоа на локалните избори во 2017-та, па на референдумот во 2018-та и на крајот, последните, претседателските, оваа година. Иако сите изборни процеси се различни, сепак, однесувањето на административните служби во ДИК, задолжени за спроведување јавни набавки било идентично за сите четири изборни циклуси. Сомнежите на антикорупционерите се дека намерно не се организирале отворени повици за набавка на избирачки материјал, туку постојано, од неоправдани причини, се одело на непосредно договарање со печатниците. Интересно е што секогаш за фаворит се избирала „Киро Дандаро“ од Битола.

Во анонимната пријава поднесена до ДКСК, а која се однесува на четирите изборни години, е наведено дека ДИК со преговорите за избор на најповолен понудувач тенденциозно го избира „Киро Дандаро“ и при тоа овозможува стручните служби да остварат значителна материјална корист. Понатаму, како намерен пропуст на ДИК се посочува и тоа што во процесот на преговарање секогаш била повикувана и печатницата „Европа 92“ од Кочани за да достави понуда на затворениот оглас. Но, тука е спорно што сопственикот на кочанската печатница, Ратко Димитровски е член на бордот на директори на печатницата од Битола, што значи дека не постоела тајност во понудите на двете фирми, иако тоа е задолжително при спроведување на јавна набавка.

ДИК за сите наведени изборни процеси го користи истиот аргумент дека роковите биле кратки и дека од затворањето на избирачките листи и на Избирачкиот список до денот на спроведување избори, за кога и е потребен избирачкиот материјал, не останувало доволно време да се објавуваат тендери, па морало да се применуваат директни преговори кои, според ДКСК, исто така, не биле спроведени како што налагаат законските правила. Во сите заклучоци на иницијативите кои ДКСК ги испратила кај јавните обвинители со цел да преземат мерки за гонење на вработени во ДИК, е напишано дека изборната комисија имала можност и време да организира јавен повик со учество на сите заинтересирани оператори за да се обезбеди транспарентна постапка, конкуретност, како и рационално и правилно да се искористат народните пари во процесот на јавна набавка, што е всушност и поентата на тендерите.

Избори 2016: „Киро Дандаро“ ја тепа „Европа 92“, иако не се конкуренција

Во продолжение ги прикажуваме деталите од изборните циклуси кои се предмет во извештаите на ДКСК и за кои антикорупционерите сметаат дека е можно да се поведе и кривично гонење за некои вработени во ДИК. Во 2016 година, по спроведените преговори, избрана е печатницата „Киро Дандаро“ од Битола за сума од 390.000 евра. На преговрите, колку да има конкурентна фирма се повикала „Европа 92“, која заради Ратко Димитровски не може да биде конкуренција, оти понудите пред се треба да се тајни.

ДКСК во иницијативите пишува дека со државниот буџет и неговите измени и дополнувања биле планирани средства за спроведување на изборните активности, како и фактот дека ДИК донела интерни акти за распоредување на одобрените средства и планирање на набавките останува нејасно од кои причини е извршена измена на Годишниот план за јавни набавки на 8 ноември 2016 година (33 дена до избори) и зошто не се презеле активности за навремено да се испланира и спроведе редовна постапка за јавна набавка со која би се обезбедила поголема транспарентност. Уште повеќе што набавката се врши за потребите на предвремени парламентарни избори, чие распишување и спроведување се планира подолг временски период, а на крај и проценетата вредност на договорот е значително висока.

Од увидот во приложената документација може да се констатира дека ДИК не обезбедила доказ за добиена согласност од Советот за јавни набавки за користење на критериумот економски најповолна понуда. Доколку овој доказ не се достави може да се заклучи дека ДИК не постапила во согласност со Законот за јавните набавки. Имено, регулирано е дека
Договорниот орган (ДИК) задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди користење на критериумот економски најповолна понуда, што е правено, освен во случаите кога спроведува постапка со конкурентен дијалог или дозволува доставување на алтернативни понуди.

Локални избори 2017: „Полиестердеј“ со скриена тактика е фаворит

За да не испадне дека постојано се повикуваат на преговори истите две печатници кои се спорни во сопственичко- менаџерската структура, за локалните избори во 2017 година била поканета и трета печатница – „Полиестердеј“ од Скопје. И овој пат не се почитувани правилата за јавен тендер, па се одело со директни преговори. На крајот, неочекувано е избрана скопската печатница, која им застанала на патот на другите две и им ја нарушила шемата од претходните изборни процеси. Понудата на „Полиестердеј“ била 450.000 евра или 60 отсто од износот на другите понуди кои биле од 650.000 до 700.000 евра.

Од оваа печатница тврдат дека ДИК имала намера да ја исфрли од игра во делот на техничка спецификација (изглед на гласачко ливче, заштитини елементи, видот на хартијата и
други технички перформанси), но „Полиестердеј“ однапред, без да знае дека ќе победи во преговорите купила доволно количина хартија со заштита за да не може ДИК да го наметне тоа како причина за дисквалификација. Соочени со навистина драстично пониска цена во ДИК немале избор за 2017 година како да постапат поинаку освен печатењето на гласачкиот материјал да го препуштат на „Полиестердеј“.

Од страна на ДИК за овие избори, како што стои во иницијативата на ДКСК, се наведува дека средствата за редовно функционирање се обезбедуваат од Министерството за финансии, односно се користи редовната програма 20, додека средствата за спроведување на изборите се обезбедуваат дополнително откако се распишуваат изборите во програма 21 – изборни активности, поради што и самата постапка не била предвидена порано во Годишниот План за јавни набавки. Но, според Антикорупциска, доколку се земе предвид дека со буџетот и неговите измени и дополнувања биле планирани средства за спроведување на изборните активности како и фактот дека ДИК донела интерни акти за распоредување на одобрените средства и планирање на набавките останува нејасно од кои причини измената на Годишниот план за јавни набавки е изгласана на 17 август, 2017 година (58 дена пред изборите) и зошто не се преземале активности за навремено да се испланира и спроведе редовна постапка за јавна набавка.

Референдум 2018: Со нова техничка спецификација се избира „Киро Дандаро“

Следната 2018 година се одржува референдум за името на државата. И одново истата шема. Нема тендер туку преговори со печатниците. Овој пат листата од три се проширила на пет, во игра влегуваат „11 Октомври“ и „Датапонс“ кои веднаш се исклучени, па трката ја продолжиле ривалите од локалните избори. Како “Киро Дандаро“, која немала најниска понуда е избрана? – Антикорупциска во извештајот наведува дека во техничките спецификации кои се дел од тендерската документација дефинирани се карактеристики на предметот на набавката, кои се разликуваат од оние при спроведувањето на постапка за набавка на изработка и печатење на доверлив изборен материјал за предвремените парламентарни избори 2016 година и за локалните избори во 2017 година.

Имено, во техничките спецификации извршени се промени во делот на карактеристики на заштитна хартија и во делот на карактеристики на печатење што придонело само економскиот оператор кому му е доделен договорот, вреден 210.000 евра, во целост да ги исполнува условите и барањата од техничката спецификација. Што значи, на некоректен начин се исфрлаат од игра другите конкуренти за да се избере „Киро Дандаро“. Ваквиот потег го отвора прашањето дали административците во ДИК однапред знаеле каква хартија на
залиха има битолската печатница, па избрале стриктно таква? – Но, дали намерно се променила хартијата и заштитните елементи на неа затоа што „Полиестердеј“ имале во магацините од хартијата која им останала од претходната година кога го печателе гласачкиот материјал за локалните, па се барало начин да се одбијат. Тоа предизвикало тие да се имаат најповолна понуда, но било залудно, само конкурентот „Киро Дандаро“ ја имал новата хартија од техничката спецификација.

Претседателски избори 2019: И пак истото, се местат условите за еден да ги исполни 

Конечно, на последните избори, претседателските, четири фирми се во потесен круг за печатење на гласачките ливчиња. Трите кои постојано се пријавуваат, но дополнети со „Софија“ од Богданци. На крај, победникот станал извесен и „Киро Дандаро“ заработил уште еден договор вреден 450.000 евра, идентична сума како онаа на „Полиестердеј“, но наменета на локални избори кои се далеку пообемни од претседателски. Од таму поднеле жалба против избраната печатница, но во одговорот било напишано дека согласно роковникот за Претседателски избори подносителите на листи на кандидат, истите ги доставиле до ДИК на 21 март. Листите биле потврдени од страна на ДИК на 23 март, а на 29 март, 2019 година бил заклучен избирачкиот список (изборите се на 21 април).

Наводно ваквите околности придонеле да се исполнат условите набавката да се спроведе по пат на постапка со преговарање без објавување на оглас, бидејќи во моментот на одобрување на средствата за одржување на референдумот не било можно да се применат роковите за објавување на отворена постапка. Но, ДКСК не мисли како ДИК туку му нотира на Јавното обвинителство дека според парите и Годишниот план за јавни набавки имало време да се спроведе транспарентна, отворена постапка за набавка на гласачки материјал. Исто така останува нејасно од кои причини роковите за поднесување на листи на кандидати и за заклучување на избирачкиот список не се усогласени со роковите за спроведување на транспарентна постапка за јавна набавка. И тука сумата на договорот е проценета како значително висока. Дополнително, и за овие избори се направени технички спецификации со кои три печатници се исклучуваат од игра и одново како ДИК намерно да ги мести условите за „Киро Дандаро“.

Кој ќе одговара?

Еве да претпоставиме дека никој немал финансиска корист од местенките за избирачки материјал. Сепак, прекршени се законските правила околу набавките на избирачки доверлив материјал. Правилата се јасни. Постапката со преговарање без објавување на оглас се спроведува во исклучителни/специфични случаи строго определени со закон, кога договорниот орган (ДИК) не е во можност да спроведе, или пак имал неуспешни обиди да спроведе некоја од редовните постапки за јавна набавка, кога само еден економски оператор може да го изврши договорот (технички или уметнички причини и причини поврзани со заштита на ексклузивно право), од крајна итност поради што роковите во редовните постапки не се применливи како и за набавка на стоки, услуги и непредвидени и дополнителни работи во случаи дефинирани со закон.

Постапката со преговарање без објавување на оглас овозможува договорните органи да склучат договор за јавна набавка надвор од правилата за спроведување на редовни постапки.
Имено при спроведување на постапката не се применливи вредносните прагови и роковите за спроведување на постапката, не е пропишана обврска за обезбедување на конкуренција и најниска цена, не е пропишана обврска за објавување на оглас за постапката со што принципот на транспарентност во постапката се нарушува, не е пропишана обврска за спроведување на електронска аукција и се остава голем простор за субјективно одлучување од страна на одговорните лица во ДИК.

Постои можност дел од активностите поврзани со изборниот процес, како што се прочистувањето на избирачкиот список и крајниот рок за доставување на листите со кандидати од страна на учесниците на изборите објективно да влијаат врз навременото отпочнување на постапката за јавна набавка, но тоа е потребно да се потврди со стручни лица од страна на ДИК. Во извештаите на ДКСК стои дека со ваквата тајна процедура се прекршиле Законот за јавните набавки, како и Кривичниот законик во делот на злоупотреби на постапката за јавен повик, како и употребата на исправа со невистинита содржина.

Дали некој од одговорните за набавки во ДИК ќе одговара за некое од овие дела останува да процени Јавното обвинителство. Во Антикорупциска на исказ бил повикан Добре Јанчев, генералниот секретар на ДИК, и заради функцијата, но и затоа што многу пати бил дел од комисијата за набавки. Во комуникацијата со него побара дополнително време за да одговори на сите наводи кои ги изнесуваат антокорупционерите.

Фото: bitolskivesnik.mk

И на крај за парите. Ако се споредат истите суми на „Полиестердеј“ во 2017 година кога се одржуваа локалните избори, на кои има по две гласачки ливчиња, а во Скопје четири или вкупно 4,55 милиони ливчиња, и онаа на „Киро Дандаро“ за претседателските во 2019 година, двете со идентична сума од 450.000 евра, иако во 2019-та се печатени и помал број ливчиња (1,8 милиони), помали по формат и со помалку текст, тогаш логично е да има дилема како е можно да се потпише договор на иста сума, а за сосема различни избори по обем. Уште еден факт произлезен од бројките е тоа дека за локалните избори, кога „Полиестердеј“ има понуда од 450.000 евра, другите печатници имаат со поголема вредност за 200-250.000 евра.

Ако на тој оглас „Полиестердеј“ немаше однапред купено хартија со заштитни елементи, какви што потоа се бараа во техничката спецификација и не беше избрана за печатење, тогаш извесно е дека ќе беше избрана „Киро Дандаро“, но за многу поскапа цена. Ако една печатница може да ја заврши работата за 450.000 евра, тогаш зошто друга би ја завршила истата работа за 700.000? Се прашувате уште?

Дик ДКСК изборен материјал избори Печатници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.