Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш на „Црвените чадори“: Сексуалните работници парадираа низ центарот на Скопје

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2019 14:04

Сексуалните работници денеска во Скопје по 12. пат маршираа за поголеми права, еднаков третман пред законите и почитување на нивното право на слободен избор. Маршот на т.н. „Црвени чадори“ започна од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, се движеше по плоштадот и камениот мост и заврши пред зградата „Ибни Пајко“. Тие бараат измени на законските регулативи кои ги криминализираат сексуалните работници.

По 12 години, стигмата, дискриминацијата и насилството врз сексуалните работници сè уште постои, а како што порачаа учесниците на маршот, институциите и стручната јавност продолжуваат да бидат глуви и слепи за нивните барања.

„Зошто треба да работиме во страв, да бидеме малтретирани, злоупотребувани и игнорирани од општеството. Зошто нè барате, а не нè препознавате. Ние сме ја одбрале сексуалната работа како најдобра опција да заработуваме за живот и никој не треба да ни го одзема правото на слободен живот“, порача една од учесничките на маршот на „црвените чадори“.

Посочуваат дека во анализите на граѓанските организации во 2018 година биле документирани 100 случаи на насилство врз сексуални работници, додека во 2019 година бројот е помал, но тоа не се должи на позитивните промени, туку на обесхрабреноста и немањето доверба во институциите.

„Најголем дел од нив, односно 34 случаи, се во домот на сексуалните работници. Тоа значи дека сексуалните работници не се безбедни ниту во сопствените домови. Документирани се 26 повреди на транс жени сексуални работнички, кои дополнително се соочуваат со насилство мотивирано од омраза поради родовиот идентитет“, изјави една од учесничките на маршот.

Маршот е во организација на граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „СТАР-СТАР“, во рамки на кампањата за одбележување на 17 декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

марш Сексуални работници црвени чадори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.