Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Од 1 јануари државните институции нема да набавуваат пластика за еднократна употреба

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: ina-online.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2019 13:47

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата на Министерството за престанок на набавки на пластика и пластична амбалажа за еднократна употреба од државните институции која ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

„Ова значи дека во наредната јавна набавка спроведена од страна на Владата, пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра како шеќер во пластична амбалажа, туку рефус“, појасни Нуредини пред почетокот на јавната дискусија со претставниците од локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија.

Тој посочи дека е одлучено и Службата за општи работи и услуги и сите министерства, органи во состав, секретаријати и стручни служби да не склучуваат договори за јавна набавка со производители, без да поднесат доказ дека најмалку за тековната година во целост ги исполниле обврските во согласност со законодавството во областа на проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овие мерки, како што посочи Нуредини, се дел и од планот за спречување на создавањето отпад во С. Македонија, кој бил подготвен од страна на Министерството и ќе биде официјално донесен по усвојувањето на новиот пакет закони за управување со отпадот кој во моментот е во фаза на консултации и за кој се одржуваат јавни расправи.

Фото: royikemsindustries.com

Министерот рече дека засега сите компании оваа иницијатива ја прифатиле позитивно и мерка е што сите треба да ја прифатат, односно, како што рече, треба да се преземе одговорност од сите страни.

„Внимателно разгледајте ги законите кои се предложени, тоа се шест закони што се во линија со ЕУ законодавството и со меѓународните стандарди и се преземени практиките кои функционираат во другите земји. Приватниот сектор ги презема своите обврски, се разбира дека треба да преземе одговорности и да ги поднесе финансиските обврски што доаѓаат. Многу е важно да се разгледаат овие закони, и да се добие поддршката за да поминат, да бидат усвоени и да почне да се применуваат за да се воспостави тој одржлив систем за управување со отпад“, рече Нуредини.

Тој смета дека Скопје не е најзагаден град во светот и посочи дека работат напорно да ги сменат и да ги применуваат законите, затоа што, како што рече, не е важно само да се создаде законот, треба да го примениме, а за да ги примениме, потребна е поддршка од сите.

Во однос на тоа дали ќе се применат мерките за аерозагадувањето, Нуредини рече оти се свесни дека е загадено и дека концентрациите се високи, но се додека прагот на загаденост не се помине нема да се преземат мерките што се пропишани согласно закон. Новиот пакет закони, како што посочија од Министерството, ги надградува правилата и процедурите за управување со отпад од пакување, батерии и акумулатори, како и електрична и електронска опрема, но воведува и нов Закон за дополнителни текови на отпадот што ќе го регулира управувањето со отпад од возила, гуми, масла и текстил.

Јован Мазгански од невладината организација „Еко-Скопје“ денеска изјави дека не се задоволни од мерките преземени од страна на власта за проблемот со аерозагадувањето.

„Не верувам дека власта презела се што треба да преземе. Мислам дека најмногу затаиле инспекциските служби. Се обидуваат, но тоа не е доволно, веројатно треба значајно повеќе да се направи. Би и порачал на власта да не одиме на некои периферни проблемчиња кои можеме полесно да ги решиме, па да залажуваме дека проблемот е решен или ќе го решиме. Проблемот се решава значајно повеќе“, рече Мазгански.

Тој смета дека пластичните ќеси се проблем, меѓутоа за загадувањето на воздухот не се проблем.

администрација набавки Насер Нуредини пластика Стакло
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.