Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и натаму се мисли меѓу Спасовски и Царовска за технички премиер

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2019 12:53

Кон крајот на следната недела ќе биде познато името на техничкиот премиер, откако следниот петок ќе заседава Централниот одбор на партијата, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по неформалната средба со пензионерите, на која присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче.

„Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме. Се работи за избор на премиер за 100 дена од 3 јануари се до изборите и до формирањето на идната влада. Се работи за дополнителни двајца заменици министри со право на вето во МВР и во Министерството за труд и социјална политика, но и за пополнувањето на испразнетото место потпретседател за економски прашања. Економијата е многу важна сакаме цел тој кабинет да биде пополнет со соодветна личност“, истакна премиерот.

Како можни технички премиери се споменуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката Царовска, а таа денеска на прашањето дали е подготвена да ја води владата како технички премиер рече дека не станува збор за тоа дали некој е подготвен.

„Дискусиите се водат таму каде што треба да се водат и кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде запознаена“, кусо одговори Царовска.

Иако практично претставува невозможна мисија, социјалдемократите не се откажуваат од промена на Изборниот модел и воведување една изборна единица.

„Ниту сакаме, ниту имаме право, ниту треба да се откажеме. Јас сум свесен дека со ваков огромен број на амандмани и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, тоа буквално изгледа невозможна мисија. Но, тоа дава можност и за дијалог, за разговори и за се“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали можеби за овие избори ќе се откаже од измените во Изборниот законик во делот на една изборна единица.

Тој изрази надеж дека во претстојниот период ќе биде изнајден начин за договор за измените, за да се постигне закон во согласно со она што е најважно за државата, а не за големите политички партии. Според него, со моделот со една изборна единица добива демократијата, помалубројните етнички заедници и помалите политички субјекти и се отстранува можноста за воспоставување автократски режим.

„Ако го промениме изборниот модел од шест изборни единици во една изборна единица има доволно време тој да се имплементира. Ќе одиме со дискусијата до крај во Парламентот и верувам нашите граѓани уште повеќе ќе знаат што е предноста на едниот концепт, што е предноста на другиот“, порача Заев.

Тој ги негираше информациите дека СДСМ разговара со ВМРО-ДПМНЕ околу измените на Изборниот законик без знаење и присуство на другите политички партии.

„Сите дискусии што се случуваат околу изборниот модел се на парламентарно ниво, односно се случуваат за предлогот за двата закони коишто ги даваат самите пратеници и да не заборавиме, тука имаме две измени. Едната измена е една изборна единица, другата е балансиран процес каде што мажите и жените се рамномерно застапени, односно двата пола 50:50. СДСМ ја поддржа ваквата иницијатива. Верувам низ дебата ќе ги решиме сите овие работи“, додаде Заев.

Запрашан да ја коментира вчерашната изјава на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ има „најмалку 100 илјада гласови предност пред СДСМ”, Заев одговори дека таквите резултати веројатно се според истражувањата што ги прават нивните партиски анкетари за нивни потреби.

„ВМРО-ДПМНЕ губи на анкетите и ќе изгуби. Јас сум убеден, како што реков, дека помеѓу 60 и 120 илјади гласови ќе биде резултатот во позла на СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ“, нагласи Заев, одговарајќи на новинарски прашања по неформалната средба со претставници на пензионерите.

Заев Спасовски Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.