Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски со ветување: Милијарди евра за поквалитетен живот

0
By Нова ТВ on December 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2019 19:59

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира капитални инвестиции за развој во вредност од преку две милијарди евра и ќе испорача проекти во вредност од над четири милијарди евра преку странски и домашни инвестиции, вети лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на денешниот партиски собир „Обновата доаѓа“ во Скопје.

„Тоа јас го ветувам и се обврзувам на осмислени и реализирани проекти за економија со брз раст“, рече Мицкоски и додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за заштита на животната средина.

Не можам да ви ветам, посочи, дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, бидејќи тоа е невозможно, но можам да ветам најмалку 50 отсто почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски пред присутните во СЦ „Јане Сандански“.

Вети инвестиции во образованието од преку една милијарда евра, најмалку еден универзитет на Шангајската листа, нови болници и амбуланти и инвестиции во медицинскиот кадар во вредност од две милијарди евра, специјален пакет за земјоделците и редовна исплата на субвенциите, итн. И сето тоа, како што кажа, е за младите да останат тука.

Денот на избори (12 април) го оцени како ден на одговорот, македонски референдум и ден „Д“ кога народот одлучува. Мицкоски потенцира дека е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, не само поради резултатите на анкетите, туку бидејќи го познава народот и верува во него. Проблемите, порача, немаат ниту вера ниту нација, тие се заеднички затоа што и тешкиот живот е заеднички.

ветување ВМРО ДПМНЕ собир Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.