Дур гаснеше поштата (што е спроти влада)
на каналот петти, пламна канонада.
Со девет на еден – скоро не е фер,
се соочи храбро нашиот премиер.
На прашања одговараше без да им се дума
совршено спремен, ко сѐ да беше глума?!
А прашањата секакви, и за бизарни теми,
само да се премолчат правите проблеми.
Во новата година со проблемите стари,
со поголеми цени, а со помалку пари.
Но лекот се најде за сите наши кризи:
шоуто на Миленко со почести репризи!
И по мандатот сака Грујо да е ѕверка,
па донесе закон за бенефиции по мерка.
Гарда ќе му плаќаме со парите наши,
нејасно е само „од кого ли се плаши?“
Друго во неделава, што ли беше битно?
Средбата лидерска, свикана под итно!
Но бадијала самитот на главните фаци,
за излез од кризава не видовме знаци.
Па оние на клоци исфрлени од собрание,
остануваат на улица, да држат заседание.
Со упорни протести, блокади и штрајкови,
дур не бидат казнети „злоделата“ Трајкови.