Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Може да не поднесам оставка на 3 јануари, ако се блокираат законите во Собрание

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 25, 2019 13:31

„Немам намера да ја поднесам оставката на 3 јануари, ако некој ги блокира процесите во државата“, најави премиерот Зоран Заев. Тој рече оти не сака одложување на процедурата за техничка Влада, а со самото тоа и на избори, но принуден ќе биде, како што вели, на такво нешто доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието кои го оцени од животно значење за граѓаните.

„Изборите се договорени и тие треба да се одржат на 12 април. Јас сум првиот што сака да ги запазиме сите процедури, но ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да наоѓа начини, а има право според Деловник, да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се сосема сериозни причини да разговараме дури и за одложување на изборите“, изјави Заев додека присуствуваше на почетокот на изградбата на нова зграда за Одделот за крим-техника при Министерството за внатрешни работи.

Заев повтори дека СДСМ сака и се подготвува за избори. Како потврда за тоа ја посочи седница на Централниот одбор на партијата што е закажана за петок, кога треба да се „пресече“ за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, додаде нема да дозволи интересот на државата да биде доведен во прашање поради нечија скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“.

Премиерот нагласи дека голем дел од законите чие донесување, според него, го кочи опозицијата, мора да се усвојуваат во декември бидејќи се врзани со Буџетот за да може нивната имплементација да почне во јануари.

„Јас сум првиот што секогаш го почитува дијалогот и сега имам намера целосно да го испочитувам, но нема да понесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси, а без поднесување на оставката нема почнување на постапката за одржување на изборите. Нема да дозволам да се кочат проектите кои живот значат за граѓаните. Секој од 332.000 пензионери го очекува покачувањето од 900 денари. Граѓаните кои работат во образованието, учителите, наставниците, професорите, вработените во образованието, сите чекаат повисоки плати, а на лекарите и медицинските сестри од покачувањето им зависи одлуката дали ќе останат тука или ќе заминат“, рече премиерот Заев.

Во контекст на техничката Влада, која треба да се формира на 100 дена пред одржувањето на изборите на 12 април, според Заев, сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е едно од соодветните решенија за технички премиер.

„Но, јас сум демократ и сакам органите и телата на најголемата политичка партија во власта да ја донесат одлуката. Откако ќе биде формализирана одлуката таа ќе биде соопштена, оти ако јас сега кажам што било, тогаш која би била целта на одржување на Централниот одбор. Ќе кажат луѓето што не викате ако вие одлучувате“, истакна премиерот.

За тоа дали е Спасовски е негов предлог, Заев рече дека тоа ќе го каже на органот што одлучува, по што и на граѓаните ќе им соопшти кој бил негов предлог и каква е одлуката на органот на партијата.

Зоран Заев избори оставка Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.