НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршителите си ги затворија канцелариите – „им го скршија срцето“ на граѓаните

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголем дел од канцелариите на извршителите денеска беа затворени во знак на револт од најавениот Предлог тарифник на Министерството за правда со кој се намалуваат максималните награди од 1.000 на 300 евра. Одлуката да не работат се однесува само на денешниот ден, од утре ќе продолжат по старо. Тие реагираат дека ќе се соочат со финансиски проблеми во работењето доколку новите тарифи бидат усвоени на една од наредните владини седници. Една од последиците, според нив, ќе биде отпуштање на вработени, а другата што ја акцентираат е ставање клуч на канцелариите.

Намалувањето на наградите за 70 отсто, според претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов, е неприфатливо и ќе значи неиздржливост во дејноста и побара средба со Министерството за правда и со Владата за разговор и изнаоѓање на компромисно решение.

„Има извршители кои едвај преживуваат, има извршители кои и немаат толку голем обем на работа. Отворени сме за разговори со Министерството и Владата со намера да најдеме компромис“, порачува Димов кој нагласи дека со предложениот тарифник по вторпат ќе бидат намалени наградите за извршителите.

Некои од нив, пак, истакнуваат дека ќе бидат принудени не само да отпуштат вработени, туку и да ги затворат своите канцеларии. Од Министерството за правда, пак, посочуваат дека се разгледуваат сите опции за обезбедување на правичност во извршувањето.

Извршителите се под голем удар во јавноста, од граѓаните и, особено, од неформалната организација „Стоп за извршителите“ чии претставници секој вторник протестираат пред Министерството за правда. Тие со поинаков став за работата на извршителите и понуда помош, ако е потребно, „за затворање на нивните канцеларии“.

„Стануваат нервозни. Тоа е очигледно. Народски речено, се ближи крај на нивниот проект за жетва на пари и не знаат што да прават. Апелираме до Владата да ги врати на работа во судовите и да работат за плата како сите ние. Граѓаните постојано се обраќаат до нас да дадат поддршка за омасовување на протестите. Меѓутоа денеска се воздржавме и оставивме простор тие да протестираат. Велат дека сакале да затвораат канцеларии, ние сме тука ако им треба помош“, вели Маријан Ристески од „Стоп за извршителите“.

Фото: alsat-m.tv

„Стоп за извршителите“ организира неколку протести во изминатиот период. Нивните барања се однесуваат на запирање на трендот на блокирање на сметките на граѓаните, што е оценето како незаконско, противуставно и спротивно на Декларацијата за човекови права, но и процес на ветинг за извршителите.

„Стоп за извршителите“ Зоран Димов извршители Канцеларии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.