Втор видео клип од серијалот „30 прашања со…“ што се врти во социјалните мрежи. По министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, овојпат со кратки и отсечни одговори е Оливер Спасовски. До денеска министер за внатрешни работи, а од утре премиер во техничката Влада со задача за организација на слободни, фер и демократски избори, одговара на 30 кратки прашања.
Спасовски со одговори за омилената песна на сите времиња („We are the champions“), за името на неговото прво милениче (папагалчето Кико), за топ спортистот на сите времиња (Кире Лазаров), за омилената реплика од филм („I’ll be back“) и уште многу други во наредните 3,33 минути.
https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/493068301414715/