Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Со 101 глас, Собранието ја избра преодната Влада

0
By Нова ТВ on January 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 3, 2020 18:15

Собранието на Република Северна Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април согласно договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски.

Спасовски во експозето пред пратениците истакна дека нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога од нас се очекува непречено функционирање на сите институции.

„Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се завршат активностите за членство во НАТО и во ЕУ“, рече тој.

Токму затоа предводењето на Владата во ваков период за него, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална и политичка одговорност.

Спасовски до Собранието достави програма за работа на Владата, чија основна цел е организирање фер и демократски избори.

Според Програмата за работа што Спасовски ја достави до Собранието, Владата во периодот до избор на наредната политичка влада за свои стратешки приоритети ги потврдува успешно организирање слободни фер и демократски предвремени парламентарни избори, полноправно членство во НАТО, успешно започнување и водење на пристапните преговори со ЕУ, развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, реформи во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, намалување на аерозагадувањето, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнење на владеењето на правото преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа и реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатич,,ка технологија.

Промени во составот во однос на последната Влада на премиерот Зоран Заев, кој утрово поднесе оставка, има само во делот на предложените министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, како и на вицепремиерското место за економски прашања. На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика. Министер за внатрешни работи во техничката Влада е Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница.

За време на седницата според договорот на парламентарните групи зборуваа Артан Груби од ДУИ, Панчо Минов, независен пратеник, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Артан Груби од ДУИ истакна дека за него и за неговата партија ова беше најуспешниот мандат досега со реализирани 100 отсто од нивните партиски и програмски приоритети- воведување двојазичност на целата територија на земјата, решавање на спорот со името, договорот со Бугарија, првпат претседател на Собранието стана Албанец, како и на ФФМ, влез во НАТО, зголемување на платите, зголемување на минималната плата, се зголеми бројот на вработувањата, формирана е Агенција за спроведување на албанскиот јазик, формиран е национален ансамбл на Албанците, спроведена е Декларацијата на Албанците, итн.

Груби изрази надеж дека во заедничката влада со опозицијата ќе бидат донесени и некои клучни закони како оној за администраицијата. Фокус во следниот период за нив ќе биде селективната правда, борбата против корупцијата и криминалот и ветингот.

Јован Митревски од СДСМ посочи на достигнувањата на последната Влада на сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев, како намалување на невработеноста на 17,1 отсто, достигнување на економскиот раст над 3,6 отсто, итн.

„Сега живееме во нормална демократска држава. Направивме многу во краток период и во исклучително тешки услови“, рече Митревски.

Следните три и пол месеци до изборите се надева дека нема да бидат потрошени само за изборна кампања и залудно и дека ќе се организираат фер и демократски избори, но оти, исто така, ќе се продолжи со економскиот раст и реформите, особено во правосудството. За тоа, според Митревски, сега одговорност ќе имаат и министрите од ВМРО-ДПМНЕ.

Независниот пратеник Минов рече дека очекува оваа преодна влада да изгласа промена на изборниот модел и отворени листи за наредните избори и да биде донесен законот за јавно обвинителство.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека, според образованието и подготвеноста, новите министри предложени од неговата партија ќе можат да се носат со целата предложена Влада од страна на Спасовски.

„Како дојдовте, така ќе си одите. Дојдовте со техничка влада, ќе си одите со техничка влада“, рече Димовски.

Според него, Спасовски со оваа функција си отвора пат, по „поразот на изборите на 12 април“ да биде претседател на СДСМ.

Димовски ја критикуваше работата на претходната Влада на Заев, како и работата на Спасовски како министер за внатрешни работи.

Министрите во новата Владата дадоа свечени изјави, а во 18 часот ќе почне собраниската седница на која треба да бидат избрани дополнителните заменици-министри.

гласање Македонија Собрание Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.