НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон го подгрева оптимизмот за проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on January 8, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето за почеток на пристапни преговори со Македонија и со Албанија било една од темите на разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз. Пленковиќ дал поддршка за Македонија и Албанија во обидот да се обезбеди датум за преговори со Европската унија за двете земји.

Макрон инсистира на промена на методологијата за преговори со земјите-кандидатки пред да се донесе одлука за отворање преговори, но изрази надеж и дека целиот процес ќе биде завршен уште пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај во Загреб. Неговата изјава беше во афирмативен контекст.

„Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија за процесот на проширување да не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред што може да се забрза и да биде ревирзибилен, кој има услови, но и конкретни придобивки за земјите-кандидати“, рекол Макрон на средбата на која збор станало и за статусот на Македонија и Албанија во Брисел.

Франција го блокираше отпочнувањето пристапни преговори со Северна Македонија и покрај согласноста на големо мнозинство земји-членки дека процесот треба да почне и паралелно да се разговара за евентуална промена на методологијата. Хрватска, која од 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, сака да го одблокира процесот.

 

Пленковиќ по работниот ручек со Макрон наведе дека се надева на какво било решение, при тоа споменувајќи дека во игра се и други опции.

„Сметаме дека европската перспектива за хрватското соседство нема алтернатива и затоа се радуваме што заеднички ќе го пронајдеме решението, било да станува збор за модификација на методолoгијата на преговорите за проширување или други конкретни потези кои Северна Макеоднија и Аlбанија може да ги направат во следниот период. Ние сакаме пред Самитот (на ЕУ и Западен Балкан во мај) во Загреб да се создаде атмосфера, така што оние земји кои имаа резерви да се согласат да продолжи пристапниот процес. Тоа беше суштината на нашиот разговор на оваа тема”, рече Пленковиќ по работниот ручек со Макро.

Европската комисија, според дипломатски извори, работи на план чија крајна цел е почеток на преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија во март годинава

Макрон Пленковиќ проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.