НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов Закон за млади: Најмалку еден младински центар во секоја Општина

0
By Нова ТВ on January 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието со 60 гласови „за“ и еден „против“ го изгласа Законот за младинско учество и младински политики, чија цел, како што стои во документот, е зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

Со новиот закон Владата и општините се обврзани да донесат стратегии за млади со посебни акциски планови, а општините се задолжуваат и да формираат канцеларии за млади и младински центри и да одредат службеник за млади кои ќе бидат посебни сервиси за младите кои произлегуваат од законот.

Во рок од пет години секоја општина треба да овозможи функционирање на најмалку еден младински центар на територијата на општината, а во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон треба да се воспостави истражувачки центар за различни теми поврзани со младите во рамките на Агенцијата за млади и спорт.

На носењето на законот му преходеа дискусии за Законот организирани низ повеќе македонски градови, а беа консултирани и младинските организации. За потребата од носење на овој закон имаше консензус од партиите на власт и опозицијата.

На денешната седница, претеникот Влатко Ѓорчев истакна дека откако „шарените револуционери“ преземаат активности за младите, земјата станала, како што рече, држава на стари лица, на што пратеничката Ивана Туфегџиќ, која е меѓу предлагачите на законот, реплицираше дека цели две години се работело на изготвување на текстот, посочувајќи дека воопшто и нема закон за млади лица.

Носењето на Законот е своевидно продолжение на процесот кој беше прекинат во 2011 година, кога по многуте реакции на НВО-секторот, а особено на младинските организации, тогашната Владата одлучи да го повлече од Собранието Предлог-законот за млади. Младинските организации тогаш реагираа дека Законот за млади е подготвен без младите, а истовремено е недемократски и ограничувачки за нив. Пред повлекувањето на спорното законско решение, 45 младински организации протестираа пред Собранието, барајќи од пратениците од власта и од опозицијата да не гласаат за спорниот закон.

закон млади центри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.