НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Мој ДДВ покажува добри резултати и надвор од нашата држава

0
By Нова ТВ on January 16, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорката на даночната администрација на Албанија, Делина Ибрахимај денеска оствари средба со директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Во фокусот беше начинот на функционирање на мерката „Мој ДДВ“, но и на целокупниот оперативен систем поради заинтересираноста на западниот сосед за имплементација на реформата.

„Мој ДДВ ги покажува добрите резултати и надвор од нашата држава“, напиша Лукаревска на Фејсбук.

Услугата „Мој ДДВ“ која почна од 1 јули лани беше ставена во функција на борба со даночната евазија и беше претставена како проект со кој граѓаните ќе бидат „инспектори“ со скенирање на фискални сметки за купените производи. Дел од нив добија поврат од 15 отсто од Данокот на додадена вредност за месеците јули, август и септември, а исплата за последното тримесечје од 2019 година е најавена во февруари.

Управата за јавни приходи на последниот ден од старата година соопшти дека во периодот октомври – декември биле скенирани 28,948,878 милиони фискални сметки преку кои е остварен промет од 14.301.474.854 милијарди денари. Вкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 милијарда денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 милиони денари или 3.791.000 милиони евра. 

Мобилната апликација на почеток на проектот, според УЈП, беше симната од околу 58.000 лица, бројка што во второто полугодие на 2019 година се зголеми со повеќе од двојно.

На средината од минатиот месец почна и наградната игра „МојДДВ, МојаНаграда“ што е најавена дека ќе трае една година. Извлекувањето на добитниците се извршува со електронски генератор по случаен избор. Предвидени се 1.468 награди од 1.000 денари, 1.101 награда од 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари , односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа четири од 1.000 денари, три од 2.000 денари и три од 3.000 денари. Секој месец ќе се доделуваат 15 награди од 100.000 денари или вкупно за целото времетраење на играта 180 награди од 100.000 денари. Има и две главни премии од 3.000.000 денари.

МојаНаграда“ МојДДВ реформа Сања Лукаревска УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.