Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Времето на партиски штабови во МВР е минато

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2020 12:22

Предвремените парламентарни избори се ценат од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, а претстојниот период носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт за своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста. Ова го истакна денеска на прес-конференција во Владата, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Изминатите две години поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија. Времето на партиски штабови во МВР е поминато, како што е минато и времето кога полицијата тепаше студенти, правеше упад во невладини организации и апсеше новинари“, рече таа и додаде дека значаен придонес на техничката Влада е да организира фер и демократски избори.

Нагласи дека МВР има специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање е законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи.

Поголем дел од несогласувањата со техничкиот министер Чулев се надминати, ставот за кривична останува

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во врска со односите со техничкиот министер, Наќе Чулев изјави дека се коректни, најголем дел од несогласувањата се надминати, но, сепак, останува на ставот за поднесување на кривична пријава.

Во однос на предлогот на Чулев, Ристе Ставревски да биде началник на СВР Скопје, таа вели дека треба да се има предвид дека во 2016 година имало слични ситуации на несогласување на техничкиот министер со дополнителниот заменик-министер кои во различни судски постапки завршиле различно.

„Останувам на принципиелниот став дека лице, не е битно кое, што е вмешано или на било каков начин во минатото учествувало во вршење изборни притисоци, не треба да биде на една од челните позиции. Но, на крајот на денот, секој носи политичка одговорност за кадрите кои ги предлага“, рече на прес-конференцијата во Владата, дополнителната заменик-министерка Петровска.

Влада МВР Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.