Расте бројот на жртви во невремето „Глорија“ што го зафати медитеранскиот дел на Шпанија. Локалните власти информираат дека досега загинале 13 лица, додека четворица се водат како исчезнати.
Шпанските медиуми објавија дека четири лица загинале во Каталонија, пет во Валенсија, две во Андалузија и по едно во провинциите Кастилја и Астурија.
Источна Шпанија во неделата беше погодена од невреме со обилни врнежи од дожд, снег и град, како и со ветрови до 100 километри на час.