Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Единствен отпад од увоз е за рециклирање и за повторна употреба

0
By Нова ТВ on January 25, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: ina-online.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 25, 2020 16:43

Министерот за животна средина Насер Нуредини, кој в понеделник ќе има средба со в.д. директорот на депонијата „Дрисла“, Коста Начевски, вели дека единствен опасен отпад во земјата е комуналниот отпад. За отпадот, пак, што се увезува, потенцира дека е за рециклирање и за повторна употреба.

„Единствен опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Отпадот што се увезува е за рециклирање и за повторна употреба и ништо друго. Ако постои сомнеж за какви било активности од тој тип, ќе покренеме истрага со надлежните и ќе се осигураме тоа никогаш да не се случи“, изјави Нуредини.

За тоа кој ја врши контролата на она што влегува во земјата како отпад и кој ја има најголемата одговорност, министерот за животната средина вели дека тие како институција креираат политики и дека царината мора да знае што се увезува во земјата.

„Дозвола за увоз може да се добие единствено за рециклирање и за повторна употреба на отпад. Кој е одговорен? – Цариниците мора да знаат што се увезува во земјата. Постојат правила и прописи дека контролата на граничните премини мора да биде темелна. Ќе ги поддржиме на секаков можен начин“, рече Нуредини.

Прашањето за опасниот отпад и воопшто за отпадот се актуализира откако Обвинителството во Бургас отвори истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во бугарскиот град. Со случајот се поврзува трговското друштво „Блацион“ ООД,  со адреса и седиште во Софија, а удел во неговото сопствеништво имаат Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, кој до неодамна беше на чело на „Дрисла“.

Според Обвинителството во Бургас, отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, но, сепак, утврдена е неусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина.

Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 дена. Истрагата продолжува, се земаат примероци од сите контејнери, а ќе биде побарана и меѓународна потерница за истрагата, бидејќи контејнерите доаѓаат од Италија.

Дрисла Насер Нуредини отпад увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.